Кафе муабет
Тончи Хулиќ ужива во улогата на дедо: Алба е многу разгалена- откри и како го поминуваат времето заедно!
Тончи прозборе за времето што го поминува со својата внука...
Новопечениот дедо, Тончи Хуљиќ гостуваше во една емисија, а во таа прилика се отвори и проговори за врската со својата внука Алба, која неодамна ја доби од ќерката Хана и зетот Петар Грашо.
Видно весел и опуштен Хуљиќ искрено зборуваше за своето детство, образование и музички пат што го доведоа до статус на хрватски музички хитмејкер, но најинтересен дел од интервјуто беше оној во кој прозборе за својата внука Алба.
Тој истакна дека како некој кој пред извесно време за прв пат ја добил улогата на дедо се труди да има што повеќе слободно време за да може да биде со малото девојче.
-Како дедо гледам дека секој слободен момент имам доволно време да одам таму за да видам како е се по разгалена и слатка а има само неколку месеци, рече Тончи.
Да потсетиме, неговата ќерка Хана пред два месеци го роди своето прво дете кое го доби во брак со Петар Грашо.
Покрај тоа како сака да го поминува времето со својата внука, Тончи откри и дека решил повеќе да не настапува во живо, односно некое време да не одржува концерти. Отсега ќе издава само студиски албуми и нови песни, но на кратко ќе се откаже од концерти.
Пејачот Петар Грашо и неговата 14 години помлада сопруга Хана Хуљиќ на 17 јули годинава се остварија во улога на родители, со што нивната љубов ја крунисаа со најубав подарок.
Пејачот и ќерката на неговиот долгогодишен колега Тончи Хуљиќ се венчаа неколку месеци претходно, но сепак важат за едни од оние личности кои не сакаат да споделуваат детали за својата приватност.
– Во текот на мојот живот, семејството отсекогаш било јадро и почетна точка на се, како и пристаништето во кое се враќам. Се трудам да бидам добар родител и партнер. Кога те води љубовта, убавите работи сами по себе се случуваат – рече Петар неодамна.
– Со оглед на тоа што нон-стоп сум на пат, немав премногу задачи или можности да се покажам. Но, верувам дека сум грижлив и посветен. Се надевам дека ќе напредувам и во тоа прашање истакна новопечениот татко за Блиц.
– Ѝ потпевнувам додека ја заспивам, засега ѝ се допаѓа мојот глас. Се надевам дека така ќе биде кога ќе порасне – искрен е Петар.
– Иако оваа работа понекогаш е заморна, јас навистина сакам да пејам. Ова е нашата најпрометна година досега, но колку и да е исцрпувачка, толку е убаво да се пее пред полни плоштади и арени. Се трудам да останам здрав со земање многу витамини и одење во теретана кога имам слободно време. Да не заборавиме 2-3 чаши црвено вино со оброк – препорачува популарниот пејач.
– Патувањата во природа се пресудни за да соберам енергија меѓу концертите, кои се доста исцрпувачки заедно со патувањето – открива пејачот кој се обидува со својот пример да укаже на важноста од зачувување на природата:
Инаку Хана Хуљиќ и Петар Грашо на 17 јули станаа родители на ќерката Алба, која секој ден ги прави посреќни. Ќерката на Тончи Хуљиќ неодамна откри како се снашла со родителството.
– Ми се допаѓа улогата на мајка. Добро сум. Сега малку ја смирувам затоа што има грчеви. Се обидувам да ја заспијам – рече Хана и се наврати на насловите и написите во весниците за неа и Петар, кои се појавуваат речиси секој ден.