Кафе муабет

Толку од бракот со шеикот?: Му роди четири деца а сега ја шокираше јавноста- Убавата Србинка во прегратки на овој фудбалер

Ја поддржа својата земја на Светското првенство...

Јелена бин Драи на јавноста и стана позната особено по бракот со богатиот шеик Саид Бин Драи, а беше прогласена и за една од најбогатите Србинки.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Иако имаше завидна кариера како манекенка, сепак медиумите акцентот го ставија на нејзиниот живот со богатиот шеик а сега по се изгледа овој брак го поминува и првиот тест.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Српската убавица омажена за многу богат шеик во Дубаи за некого беше идеал, а за други трн во око, па и тие различно го протолкуваа овој потег.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Јелена Бин неодамна на својот Инстаграм сподели фотографија и покажа дека е љуботел на фудбалот. Имено поранешната мис на Србија пристигна во Катар со нејзиниот татко Предраг, братот Пеѓа и неговата сопруга Ранка, за сите заедно да го проследат решавачкиот натпревар меѓу Србија и Швајцарија.

фото принтскрин

Никола Стојилковиќ, сопругот на Даница Кариќ, на Инстаграм се пофали со фотографија со Јелена и Ранка, поранешна учесничка на Големиот брат. Јелена предизвика огромно внимание, бидејќи најави дека една година ќе отсуствува од оваа социјална мрежа, а ја немаше двојно повеќе. Веднаш почнаа шпекулациите дека бракот на Јелена е на климави нозе, но таа секогаш демнатира велејќи дека живее живот како од бајките.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Познато е дека е посветена на семејството, но дека ги почитува и сака српските традиции и обичаи. Во 2003 година се запознала со арапскиот бизнисмен Саид, чие богатство се проценува на две милијарди долари. Тие се венчаа во 2008 година во Дубаи, а на свадбата присуствуваа околу 300 гости.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Во домот на Јелена и Саид се одбележуваат празниците на двете религии, како и српската и арапската традиција.

фото Hello.rs

– Ги прославуваме и неговите и моите празници. Знаете што велат, кога децата не се лути, куќата не е тесна – рече еднаш таа.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

– Кај нас многу им е важен Божиќ и кој ќе ја добие паричката, а Велигден затоа што се кршиме со јајца. Ќе биде интересно затоа што сите ќе се собереме и луѓето кои работат кај нас, возачи, дадилки, помошници. На масата понекогаш има повеќе од четириесет луѓе и потоа сите се кршиме со јајца – изјави Јелена во една прилика.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Некои велеа дека таа „живее во златен кафез“, а таа иронично се пошегува дека е само една од „147-те жени во харемот на Саид бин Драи“. Сепак, откри дека нејзиниот живот се уште е бајка…

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Таа живее во луксуз и гламур, додека нејзиниот претходен живот не беше ни блиску до тоа. Родена е во Жабаљ, во близина на Нови Сад. Својата популарност ја стекна во 1998 година, кога беше прогласена за мис на Југославија, за мис на фотогеничност и за мис на Интернет. Таа на еден избор за убавина успеа да освои дури три титули од можни пет.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Јелена не крие дека нејзиното семејство било многу сиромашно, а само татко и ја придружувал и ја поддржувал на настанот, бидејќи немале доволно пари да обезбедат билети за нејзината мајка и брат.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

“Се сеќавам како да беше вчера. Само татко ми беше таму кога бев на сцената. Мајка ми и брат ми мораа да останат во фоајето на хотелот, пред вратата на салата. Во тој момент имавме само 100 Германски марки на нашата сметка, што беше доволно за само еден билет“, откри Јелена.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

„Бев решена да победам, но кога ме прогласија за мис Интернет и за мис фотогеничност, мислев дека тоа е тоа, изгубив секаква надеж, не ми падна на памет дека можам да бидам првата мис во историјата на нашата земја што победила и земала три титули во едно натпреварување. Тогаш не плачев затоа што успеав да го постигнам тоа, плачев затоа што ги видов мајка ми и брат ми од сцената како се обидуваат да ѕирнат низ вратата на салата за да го видат барем моето крунисување. Тоа ми го скрши срцето“, објасни таа.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Koга пристигнала во Дубаи не ни помислувала дека нејзиниот живот сосема ќе се промени и дека ќе ја запознае љубовта на нејзиниот живот.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Таму го запознала својот сопруг, шеикот Саид Бин Драи. Јелена во тој момент беше прогласена за најубава млада дама, но и покрај овој факт, шеикот не и обрна внимание. На прв поглед не му се допадна.

фото Hello.rs

“На првиот состанок тој воопшто не ми обрнуваше внимание. Тогаш имав само четириесет и осум килограми и затоа изгледав испиено. Тој, како и секој Арап, сака “расни” жени, со изразени облини. Го заинтригирав само кога почнавме да се забавуваме и комуницираме“, изјави Јелена во едно интервју пред неколку години.

фото Hello.rs

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close