Кафе муабет
Тие се доказ дека понекогаш образованието не е пресудно за успех: Едвај завршиле основно а заработуваат илјадници евра!
Се збогатија и покрај тоа што не завршиле основно...
Многу се шпекулира за образованието на познатите пејачи од српската естрада. Имено според она што го изјави професорката на поп дивата Јелена Карлеуша, таа била една од најбунтовните ученички, но сепак успеала да го заврши средното училиште, пишува Мондо.
Така, Јелена може да се пофали со диплома, за разлика од нејзината колешка Александра Пријовиќ.
„Основно училиште завршив во Бели Манастир и бев одличен ученик. Потоа се запишав во средно училиште и редовно завршив три години, но четвртата не ја завршив. Едноставно животот ме однесе на другата страна. Кога ќе ви се случи нешто за кое отсекогаш сте сонувале, како пеењето на мене, тогаш игнорирате се друго. Конкретно, јас го игнорирав училиштето“, рече пејачката и додаде:
„Многу патував поради натпреварувањето за Белград и часовите ги оставив на страна. Не можам да кажам дека не се срамам што не завршив средно училиште. Се каам и дефинитивно сакам да го завршам училиштето“, изјави Александра Пријовиќ, која заврши само три години средно училиште.
Покрај Пријовиќ, само основно образование стекнале: Љуба Аличиќ, Ера Ојданиќ, Зорица Марковиќ, Злата Петровиќ. На оваа листа е и Хасан Дудиќ, а долго време се зборува дека и Дара Бубамара нема средно образование.
Едита Арадиновиќ има само основно училиште. Се откажала од средното техничко училиште за дизајн.
На оваа листа се набројува и Весна Змијанац.
Пејачката исто така е една од оние што имат завршено само основно училиште, но затоа пак во една прилика откри дека првата интимна врска ја имала со професор по математика.
„Првиот сексуален однос го имав со мојот професор по математика, мојата тајна љубов. Иако бев малолетна, изгледав постаро за мојата возраст. Шминката и гардеробата придонесоа моето веќе обликувано тело да се истакне уште подобро. Разликата во години не ми пречеше. Бев импресионирана што возрасен човек со авторитет на учител ми обрнува внимание и посветува време. Водевме љубов покрај Ибар, во близина на шеталиштето“, изјави во една прилика пејачката.
Но иако нема средно образование, Весна има завршено курс за дактилограф.
Сепак има и такви кои успеале да го завршат средното училиште и покрај тоа што фокусот бил ставен на нивната кариера.
Во оние со завршено средно образование се вбројуваат: Светлана Цеца Ражнатовиќ која по професија е земјоделски техничар, Буба Мирановиќ е акушерка, Индира Радиќ медицинска сестра, Халид Муслимовиќ е металопреработувач.
Вера Матовиќ завршила професорка, а Драгана Мирковиќ и Мира Шкориќ трговачко, додека Сека Алексиќ по професија е фризерка.
Но има и такви кои можат да се пофалат со факултетски дипломи.
Ова се најобразованите пејачи на естрадата:
Неда Украден има две дипломи, дипломирала на Правно-филолошки факултет.
– Неда Украден е една од ретките пејачки на српската естрада која може да се пофали дека завршила два државни факултети- англиски јазик и книжевност во Сараево. Многу рано започнала да се заниава со музика уште од 17 години и за брзо станала популарна пејачка во поранешна Југославија.
Здравко Чолиќ е економист, Драгољуб Ѓуричиќ и Жика Миленковиќ дипломирале на Академијата за ликовни уметности, Сузана Манчиќ дипломирала на Правниот факултет како и Нада Обрич.
Сепак на врвот на оваа листа е Диџеј Крмак. Тој е најобразованиот и завршил три факултета!
– Горан Жижак, познат како диџеј Крак е една од најобразованата личност на српската естрада има завршено три факултети: Правен, Филозофски и Православен богословски. Тој секогаш е скромен па во јавноста никогаш нема зборено за своите три дипломи.