Кафе муабет
ТИЕ БЕА ВО БРАК 50 ГОДИНИ: Пол Њумен ја открива тајната на успешен брак!
Нивната љубовна приказна е доказ дека постои вистинска љубов
За љубовта и успешниот брак Пол Њумен ќе каже: Тајната е во страста и почитта, се во умерени дози, како и трпеливоста. Кога сте заедно со некој толку долго, некогаш знае да си одите на нерви, но позади тоа секогаш се крие голема љубов и почит.
Нивната љубовна приказна започнала во 1953 година, кога Пол Њумен, ја запознал прекрасната русокоса Џоан.
Љубовта помеѓу нив се развила за време на премиерата на претставата „Пикник“ на Бродвеј, каде таа била повикана како замена за главната актерка. Пол веднаш се загледал во нежната и префинета русокоса, но во тоа време бил оженет и тоа било проблем.
По завршување на шоуто „Ли Страсберг“, двајцата заминаа во Холивуд, но не се сретнале се до 1957 година, кога и двајцата биле ангажирани за филмот „Долго, жешко лето“, а таа година и Пол Њуман се разведе од својата сопруга.
Дека љубовта меѓу Пол и Џоан Вудвард била вистинска говори и фактот што и по четири години откако не се виделе, нивната страст еден за друг останала иста, па парот се венчаше на 29 јануари 1958 година, а беа во брак повеќе од 50 години што е доказ за вистинска љубов.
Тие важеа за златна двојка во Холивуд која знае да ја негува љубовта. Многумина ги опишуваа како скромни, а таква била и нивната венчавка организирана во хотел во Лас Вегас, Парот бил на меден месец во Лондон, а се преселиле во Вестпорт каде изградиле свој дом со фарма, што беше нетипично за славните личности.
„Никогаш не сме биле холивудски луѓе и тука многу ни се допаѓа. Исто така, помага што и двајцата секогаш уживавме во друштво на другиот “, изјавила Џоан во една прилика.
За време на нивниот хармоничен 50-годишен брак, тие двајца играа заедно во многу филмови. Една од тајните на нивната успешна врска е што тие никогаш не се лажеле меѓусебно. Додека играле заедно во неколку филмови имало расправии помеѓу нив но почитта и љубовта им помогнале да ги надминат сите препреки.
Парот во 2008 година прослави златна свадба, но за жал истата година на Њумен му беше дијагностициран kанцеr и почина на 26 септември на 83 години.