Кафе муабет
Тестаментот на Синиша Михајловиќ протече во јавност: Еве колкаво богатство поседувал, ОВА ЌЕ МУ ПРИПАДНЕ НА ВОНБРАЧНИОТ СИН МАРКО
Од наседството ќе добие и Марко...
Фудбалска легенда, голем човек и борец прерано го напушти овој свет откако ја загуби битката со мачната болест и зад себе остави големо ожалостено семејство предводено од неговата сопруга Аријана.
Синиша Михајловиќ беше погребан пред неколку дена во Рим со сите почести, семејството, пријателите и многубројните обожаватели го испратија во вечниот дом како што доликува на еден толку голем човек, а кога емоциите и шокот од овој трагичен настан стивнаа, во фокусот на медиумите се најде поделбата на имотот на Синиша Михајловиќ.
Како човек кој во текот на својот живот важеше за еден од најдобрите фудбалери во италијанската лига, а беше успешен и како тренер, познато е дека во текот на кариерата стекнал и значително богатство, а како што објавија медиумите поседува луксузен стан во Рим, вила во Порто Черво , планинарска куќа во регионот Абруцо… Токму поради тоа што вредноста на недвижностите не е мала, сите очи се вперени во тестаментот на Синиша Михајловиќ, кој ќе го реши прашањето за неговото наследство, со оглед на тоа што има пет деца во бракот со Аријана, а од претходната вонбрачна врска го има синот Марко.
-Без разлика на тестаментот, наследството на Михајловиќ ќе мора да се подели со неговиот вонбрачен син Марко. Тоа го наложува Граѓанскиот законик. Тука секако е и неговата сопруга Аријана со која ги има ќерките Викторија и Вирџинија и синовите Мирослав, Душан и Николас – се вели во текстот на италијанскиот весник „Кориере Адријатико“.
Како што е познато Марко го запознал својот татко кога имал единаесет години, иако Синиша имал намера да го запознае дури откако момчето ќе наполни 18 години.
На иницијатива на неговата сопруга Аријана, таткото и синот стапиле во контакт претходно, што се покажало како вистинска одлука.
– Признав татковство и ја презедов обврската да го издржувам и воспитувам. Тешко ми беше, срцето ми се кршеше секогаш кога ќе помислам на него. Морав да бидам цврст и да истраам во намерата да не се гледаме додека не стане полнолетен, за потоа како возрасни да разговараме за се, да изградиме цврста врска без недоразбирања кои произлегуваат од незрели младешки постапки – изјави Синиша на времето без да ги прикрие своите емоции.
Заминувањето на легендарниот фудбалер и тренер е голема трагедија за фудбалскиот свет, а најголема за неговите деца и неговата сопруга, кои најдоа сила и преку социјалните мрежи со потресни зборови се простија од Синиша, а неговата сакана скршена од болка, изрази длабоки емоции кои ќе ви го скршат срцето.
– Ти ветив љубов… Ќе се грижам за нив, не грижи се. Нашето најголемо ремек дело! Никогаш нема да престанеме да те сакаме – неутешната Аријана Михајловиќ му посвети порака на „Инстаграм“ на човекот кој беше дел од нејзината душа и столбот на нивното семејство.