Кафе муабет

Тајно се венчаа Зуица Лазова и Наум Петрески: Невестата блесна во бела венчаница (ФОТО)

По речиси две децении заеднички живот решија да се венчаат...

Наум Петрески и Зуица Лазова важат за еден од најхармоничните парови на македонската естрада. Имено малкумина знаат дека пејачите својата љубов од која се родија ќерката Македонка и синот Стефан ја немаа крунисано со брак.

фото Фејсбук/Зуица Лазова

Но по 16 години заднички живот и две деца парот решил да се венча и како што ексклузивно дознава ММС тие тајно склопиле граѓански брак, а потоа и се венчале.

фото извор ММС
фото извор ММС

Како што пренесува горенаведениот медиум, ова се случило пред шест месеци.

фото Фејсбук/Зуица Лазова

Зуица и Наум кои важат за личности што не сакаат премногу да го експонираат јавно својот приватен живот, решиле јавноста да не дознае ниту за венчавката па тоа им го кажале само на најблиските.

фото Фејсбук/Зуица Лазова

Како што пренесува ММС, венчавката се случила летото, во јули а Зуица на фестивалот „Охрид фест“, настапила со венчалниот фустан.

фото Фејсбук/Зуица Лазова

Пејачот претходно 20 години беше во брак со Верче, и од овој брак ги има ќерките Анастасија и Сања со кои е во одлични односи.

фото Фејсбук/ Зуица Лазова

Сите четворица имаат наследно талент за музика и ја сакаат убавата песна. Анастасија веќе сите ја знаеме по нејзиниот извонреден глас и талент со кој ја плени публиката.

фото Фејсбук/Зуица Лазова

Оние што ги познаваат Зуица и Наум имаат само пофални зборови и за нив како родители. Ќерката Македонка студира соло пеење а Стефан свири на гитара.

фото фејсбук/Македонка Петреска

Зуица во едно интервју за Магазин откри дека и Македонка тргнала по патот на своите родители.

фото Фејсбук/ Зуица Лазова

„Македонката е веќе на музичка академија има 19 години и е прва година на соло пеење, а Стефан е сѐ уште во основно училиште. Инаку свири на гитара, па ќе видиме дали и тој ќе ја избере музиката.“, кажа Зуица и откри на кој повеќе личат, на неа или на Наум:

фото Фејсбук/Зуица Лазова

„Малку ни се поделени. Македонка повеќе наликува на Наум, но милувам да кажам дека Стефан повеќе личи на мене. Јас сум убедена во тоа“, заврши пејачката.

фото Фејсбук/Зуица Лазова

Фото / Извор ММС – Мама Гламур.мк

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close