Новости
Тајни за ќерката на Бајден кои излегоа на виделина: Некогаш живот полн турбуленции, денес прва ќерка на САД!
Ешли Бајден се соочувала со многу непријатни ситуации во животот
За неа јавноста започна да се интересира откако, нејзиниот татко Џо Бајен победи на претседателските избори во САД, на 3-ти ноември, а таа наскоро ќе ја наследи Иванка Трамп, и ќе стане прва ќерка на Америка.
Нејзиниот животен пат и не бил така лесен.
Имено таа се соочувала со многу проблеми во животот, а една од најтешките животни ситуации за неа била загубата на нејзиниот брат Бо, кој почина од канцер, и таа не крие дека минува низ навистина тежок период во животот.
– Тој беше мојата сила. Неговата болест ме фрли на колена. Немав друг избор освен да одам напред, да одам понатаму и да се стремам кон остварување на сопствените соништа – изјави таа во една прилика.
За Ешли Бајден се пишуваше на големо во 1999 година кога таа беше уапсена за поседување марихуана, но осудата не беше заведена никаде.
Потоа беше повторно уапсена во 2002 година за наводно попречување полициски службеник во извршувањето на нејзините должности. Седум години подоцна, додека нејзиниот татко служеше како потпретседател на САД, протече видео во кое се чини дека Ешли конзумира kokaин и тоа беше објавено од сите американски таблоиди.
Њујорк пост тогаш напиша дека сопственикот на снимката барал дури два милиони долари па нејзиното објавување не се случило заради високата цена.
Во 2010 година се случи пресвртница во животот на Ешли. Таа година таа се запозна со пластичниот хирург Хауард Керин, кој е 14 години постар од неа и со кого денес е во среќен брак а се венчаа во 2012 година.
Ешли во последните 15 години, работи како социјален работник за деца.
View this post on Instagram
Јасно е дека таа е зеница во окото на Бајден.
Претседателот на САД кој на 20-ти јануари треба да положи заклетва пред својата земја, ја загуби својата прва сопруга и синот во една трагична несреќа и се ожени повторно со Џил, со која ја доби Ешли и која постојано ја криеше од медиумите.
Како што пренесуваат американските медиуми Џил, сопругата на Бајден, која е почитувана професорка, не планира да се откаже од успешната кариера и дека 39-годишната Ешли ќе го заземе своето место на светската сцена по инаугурацијата.
-Ашли досега не беше во центарот на вниманието затоа што не беше подготвена за тоа ниту покажа волја. Кога eо беше потпретседател за време на мандатот на Барак Обама, таа имаше некои проблеми и не се истакнуваше. Но, сега таа ќе си дојде како прва ќерка и таа функција во новата администрација ќе биде исто толку важна како и претходната.
Иванка имаше своја канцеларија, патуваше низ светот во друштво на нејзиниот татко, имаше големо влијание врз него и успеа да склучи неколку профитабилни зделки. На некој начин, тоа беше десната рака на татко ми. Истото може да го очекувате и од Ешли – изјави за медиумите извор од Вашингтон.