Кафе муабет
Татјана Лазаревска и Новица Василиевски со семејна фотографија од плажа – ПОГЛЕДНЕТЕ НА КОГО ЛИЧАТ СИНОВИТЕ
Среќни празници од семејство Василевски...
Пејачката Татјана Лазаревска е долги години дел од македонската музичка сцена, а зад себе има кариера на која може да ѝ позади секој пејач.
Кога ќе започне нејзината „Аце, аце” нема човек кој не е на нозе.
Зад себе има многу хитови без кои не може да помине ниту една свадба или семејна прослава.
Долги години е во брак со пејачот Новица Василевски.
Важат за еден од најскладните парови на македонската сцена.
Иако и во Македонија беа доста ангжирани и заработуваа, Новица и Татјана во 2015 година заминаа во далечната Австралија во потрага по подобар живот за нив и нивните деца.
Круна на нивната љубов се Стефан и Мартин, кои се нивна најголема гордост.
На парот односно семејството дефинитивно му годи животот во Австралија.
Татјана е доста активна на социјалните мрежи и честопати објавува фотографии од секојдневието таму.
Последната фотографија е семеен портерт од убава плажа во Австралија.
На фотографијата насмеано позираат Татјана и Новица со нивните синови Стефан и Мартин.
Од фотографијата може да се забележи дека двајцата синови дефинитивно личат на својот татко Новица.
Инаку, Татјана и Новица се доста активни на социјалните мрежи
Неодамна, пејачката објави фотографии на кои таа и Новица уживаат во џакузи, во опуштено издание, во костум за капење, а Татјана е седната во скутот на Новица.
Романтични и опуштени тие празнично уживаа со насмевки на лицата.
Пејачката и во далечната Австралија остана посветена на верата и празниците. Токму на големиот христијански празник Божиќ, таа беше во црквата Света Недела во Австралија па од таму посака ,,Христос се роди’’ облечена во сино – зелен фустан.
Објавата наиде на многу коментари од нејзините пријатели и фанови.
Едно е очигледно, на Татјана и’ годи Австралија – изгледа прекрасно!