Кафе муабет

Таткото скршен од болка кога дозна ЗА СТРАШНАТА ВЕСТ – ВО МАСАКРОТ во Белград убиена ќерката на познат спортист

Тага до небото

Во основното училиште Владислав Рибникар во белградската општина Врачар каде беше извршен масакрот од страна на лицето К.К, меѓу убиените ученици е и ќерката на познатиот одбојкарски тренер Драган Кобиљски.

Кобиљски моментално работи за одбојкарскиот клуб Залау во Романија и откако дознал за страшната вест веднаш заминал за Србија.

Тој за време на својата кариера го носеше дресот на Партизан, а подоцна како тренер ја водеше екипата на Црвена ѕвезда.

Потсетуваме, утрово околу 8.40 часот лицето К.К. уби осум свои врсници и чуварот во училиштето во кое што учеле.

Фото: Приватна архива

Како што пренесуваат медиумите, тој наводно злосторството го извршил затоа што добил единица по историја, но според официјалното соопштение од полицијата мотивот се уште е непознат.

На конференцијата за новинари беше изјавено дека момчето го планирал злочинот подолго време, и дека во неговиот стан во кој што живеел, најдени се детални планови како планира да го изврши злочинот.

Се уште се испитуваат сите околности во врска со случајот, како дошол до пиштолот, како и мотивите за овој гнасен злочин.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Потсетуваме, К.К. (14) утрово пукаше во основното училиште Владислав Рибникар при што уби девет лица и рани шест деца и една наставничка.

Тој по масакрот самиот се пријави и предаде на полицијата, по што во станицата во присуство на работник од Центарот за социјална работа му беше земена изјава и му беше извршен лекарски преглед, по што Центарот ќе одлучи кои мерки од својата надлежност ќе ги преземе.

Исто така наложено е од него да се земе крв заради токсиколошки анализи, за да се утврди дали за време на извршување на кривичното дело бил под дејство на алкохол, наркотик или некои други психоактивни супстанца.

Воедно се испитуваат и сите околности од овој случај, како дошол до пиштолот, како и мотивите за ваквиот страшен злочин.

Како што пренесуваат медиумите, според информации што ги дознале на лице место, момчето важело за мирно дете и одличен ученик.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close