Кафе муабет
Таткото на Луна ја покажа новата девојка: Атрактивната русокоса го освои срцето на Гаги, а тој сега и се обрати јавно!
Не крие дека е заљубен...
Танчерот и татко на Луна Џогани, Гаги Џогани се повлече од јавната сцена по напуштањето на реалното шоу „Задруга“.
Многу се шпекулираше за неговиот љубовен живот и тоа што прави сега, а тој на својот Инстаграм профил ја покажа новата девојка која го привлече целото внимание на неговите следбеници.
Имено, Гаги објави фотографија од атрактивна русокоса за која многумина истакнаа дека потсетува на неговата поранешна сопруга Анабела Атијас. Сепак, емотивната порака со која Џогани се обрати на неговата девојка разнежни многумина.
– Среќен роденден! Те сакам – беше пораката што Гаги и ја остави на девојката точно на полноќ.Имено и неодамна Гаги се најде во центарот на вниманието кога на својот профил на Инстаграм објави фотографија со својата избраничка и покажа дека конечно е во среќна љубов.
На сликата тој се прегрнува со извесна русокоса, меѓутоа таа не сакала да се покажува нејзиното лице, а насмевката на гаги кажува повеќе од илјада зборови.– Знам дека повеќе нема барање, јас во тебе пронајдов се, напиша танчерот кој предизивика лавина од позитивни коментари, а луѓето му честитаа од сите страни.
– Заслужи да бидеш среќен, добар човеку, Насмевката се зборува, Гаги дојдоа и твоите пет минути, потруди се да трае засекогаш, Браво Гаги, Насмевката, очите, тоа е тоа, се нижеа коментари со поддршка.
За потсетување, Гаги Џогани од бракот со Анабела Атијас има две ќерки Луна и Нина Џогани. Освен тоа Гаги неодамна стана дедо, кога Луна минатат година му ја подари преубавата внука Миа.
Гаги постојано е во друштво со својот зет Марко, што можеме да забележиме и по видеата кои ги снимаат Луна и Марко.
Многу се пишуваше за животот на Гаги и за неговите зависности од алкохол, но по она што го објавуваат Луна и Марко можеме да кажеме дека тоа е зад него, и сега ужива во улогата на дедо.
На што и сме сведоци дека одлично се снаоѓа во таа улога, и ужива да биде во друштво со малата Миа.
Познатиот денсер постојано е активен на социјалната мрежа Инстаграм, каде објавува фотографии од своето секојдневие. Според фотографиите можеме да кажеме дека Гаги ужива во сите предизвици во животот.