Дом и семејство

Татковците кои имаат ќерки живеат подолго!

Студијата покажа дека татковците кои имаат ќерки живеат подолго, а колку повеќе ќерки имаат, толку подолго живеат, дури 74 недели за секоја родена ќерка...

Според најновата студија, колку повеќе ќерки има таткото, толку е подолг неговиот животен век, поточно, тој живее дури 74 недели повеќе, за секоја родена ќерка

фото илустрација

Доаѓањето на бебето во животот дефинитивно го менува животот на човекот, без разлика дали тој станал татко на син или ќерка. Но, многу студии покажаа и дека татковците стануваат понежни кога ќе се роди ќерка и имаат посебна врска со неа, како и мајките со синовите. А според најновата студија, татковците кои имаат ќерки имаат уште една придобивка, живеат подолго од татковците кои немаат женски деца.ж

фото илустрација

Иако постојат некои истражувања кои покажуваат како раѓањето на детето влијае на здравјето и телото на таткото, Универзитетот Јагелонија одлучи да направи подлабоко исктражување спроведено врз повеќе од 4.310 луѓе (2.147 мајки и 2.163 татковци) при што било откриено дека вкупниот број на деца или синови немал ефект врз татковците, но бројот на ќерки е поврзан со долговечноста на татковците.

фото илустрација

Студијата покажа дека татковците кои имаат ќерки живеат подолго, а колку повеќе ќерки имаат, толку подолго живеат, дури 74 недели за секоја родена ќерка.

Иако ова е добра вест за татковците, мајките го немаат истиот резултат. Според една студија објавена во американскиот весник за човечка биологија, и ќерките и синовите негативно влијаат на здравјето на мајката и всушност го скратуваат животниот век. Ова може да се надоврзе на неодамнешното истражување според кое најсреќни жени се оние кои остануваат сами и немаат деца.

фото илустрација

Но, постои уште една студија, според која детето, без разлика на полот, им го продолжува животот на двајцата родители. Според анализата на податоците собрани во текот на 14 години, откриено е дека паровите кои имаат деца исто така имаат поголема веројатност да живеат подолго од оние кои немаат деца.

фото илустрација

Таткото различно реагира на машко и женско дете!

Новото истражување покажува дека татковците ги третираат ќерките поинаку од синовите и дека таквото однесување има долгорочно влијание. Истражувањето беше објавено во јунското издание на Behavioral Neuroscience, и проучуваше како мозокот на татковците реагира на двата пола и дали свесно или несвесно се однесуваат различно кон ќерките и синовите.

фото илустрација

Татковците биле повнимателни кон своите ќерки и повеќе им пееле и користеле повеќе аналитички говор кога разговарале за емоциите и телото. Погрубо играа со момчињаta отколку со девојчињаta.

фото илустрација

Тие направија и уште еден експеримент со татковци, снимајќи им го мозокот додека гледале фотографии од непознати деца, но и од своите деца со весели, неутрални и тажни изрази на лицето. Татковците кои имаче ќерки повеќе реагирале на среќните изрази на лицето. Со други зборови, татковците стануваат многу сентиментални кога ќе го видат среќното лице на своите ќерки, што и не е толку изненадувачки.

фото илустрација

Делот од истражувањето кој најмногу ги изненади научниците е поврзан со татковците кои имаат синови. Тие реагираа посилно на неутралните изрази на лицето на нивните синови отколку  татковците на девојчињата, сугерирајќи дека татковците можеби претпочитаат емоционална двосмисленост – без разлика дали сакаат тоа да го признаат или не.

Реакцијата на мозокот на тажниот израз на лицето на детето беше иста кај сите татковци, без разлика дали имаат момче или девојче, срцето на родителот исто реагира на тажно дете.

фото илустрација

„Ако детето плаче или го бара таткото, мажите кои имаат девојче ќе реагираат повеќе од оние кои имаат синови“, вели водачот на студијата, д-р. Џенифер Маскаро од Универзитетот Емори во Атланта.

Маскаро ги советува родителите да бидат внимателни бидејќи тие несвесно реагираат на полот на детето а тоа влијае на нивните односи со децата уште од најмала возраст. Разликите во однесувањето може да имаат долгорочни последици за ќерките и синовите.

фото илустрација

Така, татковците помалку ќе разговараат со своите синови или ќе обрнат внимание на емоционалните потреби на момчињата и можеби потсвесно ќе покажат помалку емоции кон своите синови, а таквото однесување може да влијае на нивниот емоционален развој и да има долгорочни последици.

фото илустрација

„Повеќето татковци се обидуваат да го дадат најдоброто што можат и прават се што можат за да успеат нивните деца, но важно е да се разбере како нивната интеракција со децата може да зависи од полот“, објаснува Маскаро.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close