Кафе муабет
ТАМАРА ТОДЕВСКА ЈА НАКИТИ ЕЛКАТА – па ги сликаше синчето Дарен и ќеркичката Хана
Празничната магија во домот на пејачката започна...
Пејачката Тамара Тодевска постојано е под будно око на јавноста. Во изминатиот период таа постојано постира фотографии од неа и нејзините две деца.
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
Секогаш во тек со сите јавни случувања и настани, пејачката го држи вниманието на своите фанови.
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
Благодарение на напорните тренинзи пејачката за кратко време успеа да се реши од значителен број килограми, но и да го задржи својот беспрекорен изглед што е евидентно и од нејзините модни фотографии.
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
По шпекулациите за разводот со поранешниот кошаркар Александар Диимитревски – Мачка, неодамна пејачката го потврди крајот на бракот.
,,Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено, многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив”, изјави Тодевска
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
Во екот на Новогодишните и Божиќни празници, новогодишната магија започна и во домот на познатата пејачка.
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
Имено, таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позираат синчето Дарен и ќеркичката Хана, со своето милениче.
А, позади насмеаните лица стои накитената Новогодишна елка.
Официјално почна најубавата празнична сезона на подароци!
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска