Кафе муабет

АТИЏЕ од Медена земја се расплака пред германскиот претседател – МУ ЈА РАСКАЖА ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА

Со солзи во очите Атиџе Муратова се сретна со германскиот претседател...

Хероината од филмот Медена земја Атиџе Муратова не престанува да биде актуелна за очите на јавноста.

Фото:Фејсбук/Сузана Турунџиева

Со паролата ,,половина за мене, половина за пчелите’’, Атиџе ги освои срцата на цела Македонија.

Фото:Фејсбук/Сузана Турунџиева

Пред повеќе од година дена таа доби и нова куќа со нормални услови за живот.

Скромна, насмеана и мила, таа во една емисија на „МРТ“ зборуваше за почетоците на снимањето на документарецот кој беше номиниран во две категории за Оскар.

Фото:Фејсбук/Сузана Турунџиева

„Ако навредиш човек што дошол на гости, таа куќа ќе нема бериќет“, вели Атиџе и додава дека се труди секогаш да биде гостопримлива и да понуди макар вода или кафе кога некој ќе и тропне на врата.

Фото:Фејсбук/Сузана Турунџиева

Кога филмската екипа на „Медена земја“ пристигнала да снимаат таа вели дека бил многу тежок период за неа, мислела и на самоубиство, но била загрижена за нејзината болна мајка па се молела некој да се појави да и отвори врата и да и даде совет што да прави.

Фото:Фејсбук/Сузана Турунџиева

Снимањето на филмот доживеа голем успех насекаде во светот, а со помош на Мариа Дуда која организирала добротворна акција, собрала средства и ја реновирале целата куќа на Атиџе.

Фото:Фејсбук/Сузана Турунџиева

На јавноста ѝ е познато големото пријателство на нашата позната пејачка, хуманитарец, писателка, водителка и наставник по музичко, Сузана Турунџиева со медената Атиџе Мурарова, пчеларката од селото Бекирлија- светиниколско.

Фото:Фејсбук/Сузана Турунџиева

Во една прилика Турунџиева ќе изјави дека имала силна и уникатна причина да ја сретне Атиџе и да и се заблагодари за поддршката која несвесно и ја дала во еден многу тежок период од нејзиниот живот.

Фото:Фејсбук/Сузана Турунџиева

По повод официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер, беше приредена државна вечера, на која беа поканети претставници од државниот врв, пратеници, претставници од политичките партии, како и стопанственици од бизнис-секторот коишто остваруваат економска соработка со Германија.

Фото:Фејсбук/Сузана Турунџиева

Во рамки на свечената вечера, соопшти Кабинетот на Пендаровски, двајцата претседатели имаа протоколарни обраќања во чест на македонско-германското пријателство, соработката и заедничката европска иднина.

Фото:Фејсбук/Сузана Турунџиева

-Атиџе Муратова – хероината од Медена земја, денес со многу емоции му раскажуваше на германскиот Претседател Франк – Валтер Штајнмаер како од малечка, штитејќи се од пчелите била принудена да го научи нивниот јазик за да може да стане успешна пчеларка, а тој воодушевено ја слушаше и и поставуваше многу прашања за медот, Бекирлија и нејзиното семејство.

Задоволството денеска беше и мое, затоа што ја имав таа чест да ги обојам нашето и нивното знаме на теглата со мед која нему му ја подари Атиџе и да му го насликам и подарам единствениот камен кој неодамна си го понесов од Бекирлија.

Патем, заеднички му подаривме и од нашиот албум- “ПОЛА ТЕБЕ ПОЛА МЕНЕ ” и торба со портретот на Атиџе, изработен од уметникот Саше Милевски а испечатена во Лого шоп МК“, напиша Турунџиева на својот Фејсбук профил.

Фото:Фејсбук/Сузана Турунџиева

А според сликите кои се споделени на Фејсбук се гледа дека Атиџе се расплакала пред германскиот претседател, откако ја понеле емоциите.

Фото:Фејсбук/Сузана Турунџиева

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close