Кафе муабет
Тамара откри како започнала нивната љубовна приказна која заврши со свадба како од бајките: Не ми се допаѓаше Петар!
На крајот се земаа и имаат две деца...
Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина се една од најпознатите актерски двојки во регионот, а таа во една емисија раскажа и како започнала нивната врска.
– Петар не ми беше симпатија, додека не сфатив дека јас сум негова симпатија. Го имаше „многу“ одеднаш. Ние од класот ќе отидевме некаде и тој цело време одеше со нас. Тој седеше до мене, а кога сфатив дека му се допаѓам, сфатив дека и тој не е лош (се смее). По еден кастинг ни се случи интересна ситуација. Го завршивме кастингот и заедно се упативме дома, беше лето и 40 степени – рече Тамара и продолжи:
-Одевме, па седнавме на пијачка и цело време мислев зошто толку шетаме. Навистина немаше флерт. Се разделивме кај Бранковиот мост и веќе ми беше непријатно што толку пешачев. Само ѝ се доверив на мајка ми, а не ни знаев дека ми се допаѓа. Тогаш јас му се допаѓав…– заклучила актерката.
Оваа средба беше пресудна за пред пет години тие да бидат главни актери на својата венчавка, во сцени како од бајките снимени на Ада Бојана.
Свадба на плажа, со семејството и драги пријатели, за која сонуваат многу парови, Тамара и Петар ја претворија во реалност. Летото 2016 година се венчаа во Црна Гора, а сцените од брегот сè уште можат да послужат како инспирација за многу „парови“.
Убавата невеста во долг бел фустан со чамец стигнала до брегот во придружба на нејзиниот татко, каде што ја чекал младоженецот облечен во бел ленен костум.
Застанаа пред матичарот боси, насмеани и среќни.
Кога во 2016 година во медиумите стигна веста дека Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина стапнале на „лудиот камен“, со денови се зборуваше за нивната бајковита свадба. И оттогаш, па до денес, нивната венчавка важи за една од најнеобичните свадби на Балканот.
По желба на Тамара, Петар ја организираше нивната венчавка на Ада Бојана, во присуство на семејството и најблиските пријатели. Секој детал од тој ден беше остварување на сонот на Тамара, а присутните ја окарактеризираа венчавката како најдобрата забава на која биле присутни некогаш.
-Се чувствував нереално, како во бајка или најубав сон, а кога се приближив до бродот и ги видов сите тие убави и позитивни насмеани луѓе, како изгледа сето тоа на плажа, морам да признаам дека не знам што точно мислев во тој момент. Толку многу позитивни мисли ми се вртеа низ главата… Нешто навистина посебно и неповторливо – рече Тамара за Story.rs веднаш по венчавката.
Петар и Тамара се во брак речиси шест години а имаат и две деца.
За потсетување Тамара ја играше улогата на Силвана Арменулиќ во филмот за Тома Здравковиќ, додека нејзиниот сопруг го играше докторот на Тома.