Новости

ТАА Е ИНСПИРАЦИЈА ЗА МНОГУМИНА: Родена е без екстремитети, родителите ја напуштиле како бебе а денес е една од најпознатите шминкерки

Гејб покажа дека не постојат граници...

22- годишната шминкерка Гејб Адамс-Витли е девојка која се родила без раце и нозе но тоа не ја спречило да го оствари својот сон.

фото инстаграм/Гејб Адамс-Витли

Поради нејзината болест, родителите ја напуштиле кога имала само девет месеци, пишува Унилад. За среќа, не долго потоа, Гејб беше посвоена од семејство од Јута. Така, инфлуенсерката пораснала со уште 13 браќа и сестри.

фото инстаграм/Гејб Адамс-Витли

Имено денес Гејб е инспирација за многумина а своите видеа на социјалните мрежи ги пласира со цел да им покаже на луѓето дека ништо не може да биде пречка освен ако се нема волја за успех.

фото инстаграм/Гејб Адамс-Витли

Гејб има Ханхарт синдром, ретко пореметување придружено со различен степен на говорно оштетување и недостиг на прсти на рацете и нозете.

фото инстаграм/Гејб Адамс-Витли

Гејб, која неодамна им откри на своите следбеници дека е тра.нсродова, нема раце и нозе.

фото инстаграм/Гејб Адамс-Витли

Гејб моментално има 22 години и нејзината примарна професија се социјалните мрежи. Таа има 184.000 следбеници на Инстаграм, додека повеќе од четири милиони корисници на социјалната мрежа ја следат на ТикТок.

фото инстаграм/Гејб Адамс-Витли

Таа стана популарна благодарение на веселите туторијали за шминкање и многубројните видеа во кои на своите следбеници им покажува како се шминка и се подготвува за да излезе од дома.

фото инстаграм/Гејб Адамс-Витли

Инфлуенсерката откри дека љубовта и посветеноста од семејството кое ја посвоило е голема причина за нејзиниот успех. Таа вели дека секогаш и давале безрезервна љубов и поддршка и ја учеле како да биде што е можно посамостојна.

фото инстаграм/Гејб Адамс-Витли

Тие не сакаа таа да се чувствува поинаква од нејзините врсници поради нејзината болест.

фото инстаграм/Гејб Адамс-Витли

По завршувањето на училиштето, Гејб извесно време работела како мотивациски говорник, посетувала училишта и компании, но на крајот повеќе ја интересирала шминката и убавината.

фото инстаграм/Гејб Адамс-Витли

-Отсекогаш сакав само да седам и да гледам како другите девојки се шминкаат. Секоја од нив го направи тоа на различен начин. Некои прво ставаат пудра, а некои сенка за очи, изјави Гејб во едно од интервјуата.

@gabeadamsHe’s gay.??‍♂️✨♬ оригинальный звук – ? xlarssx ?

– Во првото видео што го објавив се снимав само до врат. Многумина ме прашаа зошто го правам тоа. Тогаш покажав дека всушност немам раце и нозе, додаде инфлуенсерката за која нема граници.

@gabeadams Where have you been!??‍♀️? #fyp #trending #viral ♬ som original – ☆

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close