Кафе муабет

Таа е една од најатрактивните пејачки но нема среќа во љубовта: Денот на вљубените ќе го помине сама, поранешните се уште ја посакуваа но Милица нема време за момче

Тврди дека е доволна сама на себе...

„Сексапилната сенорита“ како што многумина ја нарекуваат откри дека нема момче.

фото инстаграм/Милица Павловиќ

31- годишната Милица Павловиќ важи за една од најатрактивните пејачки во моментов.

фото инстаграм/Милица Павловиќ

Имено таа зрачи посебна енергија а неодамна откри дека е убедена дека сите нејзини поранешни момчиња повторно би биле со неа!

фото инстаграм/Милица Павловиќ

По успешниот концерт во преполната сала „Чаир“ во Ниш, фолк ѕвездата за Информер отворено проговори за својот деловен и емотивен живот.

фото инстаграм/Милица Павловиќ

„Сексапилната сенорита“ како што многумина ја нарекуваат откри дека нема момче, а на прашањето дали и се јавуваат поранешните момчиња, таа искрено одговори:

фото инстаграм/Милица Павловиќ

– Многу од моите бивши сега имаат девојки, па не очекувам пораки и честитки од нив. Кога ќе станат бивши, после мене може да имаат 55 девојки, не ме интересира. За мене тие ќе останат бивши – вели пејачката и додава дека на ниту еден маж не му понудила нова можност:

Фото Инстаграм/ Милица Павловиќ

– Почекај да размислам… Не, но секој од нив повторно би бил со мене. Јас тоа го тврдам!

Секој од нив повторно би бил со мене, тоа го тврдам, но сега не ми треба маж, доволна сум за себе. За Денот на вљубените, сама одам на планина – откри Милица Павловиќ

Фото Инстаграм/ Милица Павловиќ

Милица открива дека по раскинувањето со ватерполистот Николас Савељиќ, син на Ниша Савељиќ, не е емотивно исполнета и напоменува дека не и треба ни момче!

Фото Инстаграм/ Милица Павловиќ

– Ваква жена може да му недостига на маж. Од друга страна, сега не ми треба маж, доволна сум сама на себе – самоуверено вели пејачката и открива дека и Денот на вљубените ќе го помине сама:

фото Инстаграм/Милица Павловиќ

– По концертот ќе се почестам со патување. За Денот на вљубените одам сама на планина, да накачам уште некој килограм, се пошегува пејачката.

Фото Инстаграм/ Милица Павловиќ

Инаку по концертот на својот Инстаграм профил пејачката напиша порака со која им се обрати на своите фанови и следбеници кои ја бодреа од нејзините почетоци.

Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ

-Денес сакам да ви раскажам една кратка, но важна приказна… Кога тропнав на вратата на музички натпревар пред повеќе од десет години, бев убедена дека сето тоа е местенка, дека за се потребни се врски, дека јас, како некое девојче кое од мало живее во близина на Лесковац  немам многу шанси, иако верував во себе и бев подготвена да дадам 300% за да ги остварам моите соништа… Сега, би сакала сите луѓе кои сонуваат да веруваат во секој момент дека апсолутно сè во животот е остварливо и дека имаат храброст да се обидат. Затоа што тоа е најтешкиот чекор, но и најважен. Се разбудив среќна и горда. Горда на сите луѓе кои дојдоа синоќа да ме поддржат, да уживаат во моите песни, да размениме енергија и заедно да направиме спектакуларен спомен. Ваш и мој. Заеднички! Работев со месеци некако да ви се оддолжам за таа љубов и поддршка, да ви покажам колку сте ми важни, колку сериозно ја сфаќам вашата доверба и колку ве сакам и јас. Сè уште ми е неверојатно и нереално тоа што се случи синоќа во „Чаир“ во Ниш. Колку љубов, еуфорија, погледи, добри души ми се залепија на срцето синоќа. Мора да сум најсреќната девојка на светот што ве имам! Ви благодарам! Моето срце е на вистинското место. Јас сум ви благодарна за сè! Ваша Милица.

Фото Инстаграм/ Милица Павловиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close