Кафе муабет
Сузана Турунџиева со моќна порака до своите фанови: Бидете благодарни за се што ве заобиколи
Дава мотив на многумина...
Нашата позната водителка, писателка и пејачка Сузана Турунџиева на својот официјален Фејсбук профил сподели интересен статус кој за многумина може да послужи како поука во животот.
Имено таа вели дека речиси секој од нас се нервира во моментите кога нема да добие нешто што посакува без да размисли зошто е тоа така.
-Понекогаш, СРЕЌА не е само она што ни се случува, туку и она што не ни се случува…
Како?! Којзнае колку несреќи, вируси, инциденти и катастрофи сме избегнале…
Понекогаш, најголемиот БЛАГОСЛОВ не можеме да го видиме…а тој е тука, околу нас!
Затоа спокојно и опуштено живеј го твоето секојдневие, заобиколувајќи ги луѓето, настаните, ситуациите и зборовите кои те повредиле и вознемириле… И НИКОГАШ НЕ ЗАБОРАВАЈ да бидеш БЛАГОДАРЕН ЗА СЕ ШТО ТЕ ЗАОБИКОЛИЛО!!!
Она што е на ТВОЈОТ ПАТ, или веќе ти носи среќа (ама не си свесен), или допрва ќе ти ја донесе
СРЕЌНО!, напиша Турунџиева и предизвика нниза коментари и многумина се согласија со неа.
Инаку Сузана е во шестата деценија од животот но според оние фотографии кои ги споделува може да кажеме дека годините како воопшто да не оставиле трага на неа, па постојано добива пофалби на сметка на својот беспрекорен изглед.
Што се однесува до тоа како успева да изгледа секогаш убава, насмеана и полна со позитивна енергија, таа во една пригода откри:
„Не постои поголем непријател на имунитетот од тагата… Со намера да се подигне (имунитетот) Се купуваат разноразни глупости: зрнца киноа, се цедат тони лимони, медови, авокадо, се рендаат ѓумбири, се цедат портокали, се пие Омега 3, магнезиум хлорид, цедени масла, мелеми, чаеви од билки за кои некој чул дека ќе ни биде подобро“.
„Но единствениот поттикнувач на имунитетот се капките среќа. Оние кои никаде не се купуваат, и кај секого индивидуално се “дозираат”, и по состав и по јачина, па и по количина. Мора секој сам да си ги подготви и да си ги консумира редовно, секој ден. Тогаш, кога свесно и со верба секојдневно сам(а) ќе си капнуваш по неколку капки среќа во кафето кое наутро си го подготвуваш, во фустанот кој подоцна го облекуваш, во храната која ја јадеш и во музиката која патем ти ќе си ја одбереш, тогаш ќе сфатиш дека тагата е поразена, имунитетот се враќа и нема сила која може да ги уништи капките среќа, кои делуваат само ако ти им дозволиш.“