Кафе муабет
Сузана Манчиќ во посета на Македонија: Оваа македонска ѕвезда се покажа како вистинска домаќинка- Ја прошета низ главниот град а потоа на седенка во Стара скопска чаршија
Пријателките уживаа во заедничкото време...
Поранешната „лото девојка“ Сузана Манчиќ со години важи за една од најубавите дами на јавна сцена. Таа пред речиси една недела ја посети Македонија, поточно главниот град Скопје и на својот Инстаграм профил се пофали со низа фотографии.
Имено во друштво на Цветанка Ласкова која порано важеше за една до најпопуларните пејачки ви Македонија Сузана замина на прошетка во Скопје.
Тие двете прошетаа низ Старата скопска чаршија, плоштадот, Сузана го посети и центарот на Скопје, а се сретна и со Џаро и Маријана Станојковска.
Имено Сузана сподели фотографија со Цветанка Ласкова а во описот на фотографијата напиша:
-Цветанка Ласкова, поранешна пејачка ѕвезда, а сега успешна деловна жена, со која имам долгогодишно пријателство, ми ја покажа убавината на Скопје.
Сузана која може да се пофали со својата безвременска убавина позираше и со една од најубавите македонки Маријана Станојковска, нашата позната манекенка и лото девојка а двете русокоси стоеја до Џаро.
-Од ТВ студиото во Скопје, пред снимањето на емисијата ГАЛАМА. Легендарниот шоу менаџер ЏАРОВСКИ седи на сликата, а убавицата во црвено е ЛОТО девојка , напиша Сузана во описот на фотографијата.
Но она што на многумина им падна во очи е тоа дека Сузана Манчиќ се преполовила.
Минатата година Манчиќ достигнала дури до 90 килограми. Тоа секако се одрази на нејзината самодоверба и таа реши посериозно да се занимава со своите килограми па очигледно добро и оди.
Изгледот на Сузана Манчиќ сега е драстично променет а таа откри дека успеала да ослабне дури петнаесет килограми со помош на таканаречената липосукциска диета. Сузана јаде само зелен зеленчук и пие суплементи, а не смее да вкуси ништо слатко – дури ни овошје.
– Утрото секогаш го започнувам со топла лимонада и кесичка суплементи која ги има сите потребни минерали и витамини. Истото го пијам и за ручек. Ако огладнам, единственото нешто што ми е дозволено да јадам е една свежа краставица – неодамна откри Сузана за „Хит“.