Кафе муабет
Стоја искрено за внуците: Сакаат само пари, не ги интересираат пакетчиња!
Пејачката вели дека за празниците им дава коверти на своите внуци...
Празничната атмосфера во домот на фолкерката Стоја почна одамна, а она што многумина ги интересираше беше тоа дали и понатаму ја негува традицијата да им подарува пакетчиња на внуците.
„Моите внуци се сега на Копаоник, не се грижат баш за пакетче, само за кеш сега се веќе големи и јас им давам коверти“, откри пејачката која вели дека оваа година и била одлична.
“Навистина ми беше одлично. Нов стајлинг, ослабев, среќна, заљубена во сопругот. Не е сè до работа, не е се до кукање. Имавме повеќе време да бидеме заедно, јас на тоа гледам позитивно”. изјави Стоја за grand.online.
Инаку Стоја Новаковиќ неодамна ги изненади сите со својот нов имиџ. Видливото слабеење и новата фризура ја направија сосема поинаква.
„За мене не е ништо ново. Добив убави комплименти“, вели Стоја која ја споредуваат со Крис Џенер а на неа тоа и се допаѓа.
„Многу сум импресионирана, убава жена е, па благодарам, што да кажам“, искрена беше Стоја.
Инаку Стоја се појави на снимањето на новогодишната програма и ги откри деталите за нејзината неодамнешна голема промена.
Пејачката ја скрати косата, а како што и самата призна, била на липосукција.
– Добивам комплименти, значи дека е добро. Јас сум многу задоволна. Мило ми е што ме споредуваат со Кардашијан. Јас сум многу помлада од Крис Џенер и подобра риба – истакна Стоја, па за Курир изјави дека решила да се промени:
– Правам се сама, сакав поинаква фризура. Знам што сакам, уште не сум се покајала.
Стоја откри дека не се дружи со колегите од јавната сцена.
– За жал, не се дружам со колегите, но со задоволство давам совет доколку некому му треба – истакнува Новаковиќ.
Пејачката на големо изненадување на сите призна и дека го осигурала задникот.
-Го осигурав задникот како Џеј Ло. Не е баш милион како неа, бидејќи живееме во Србија, но согласно нашите финансиски можности – додаде фолкерката која била на липосукција во Турција.