Бременост
Стомак до заби: Еве како изгледа Анастасија Ражнатовиќ во петтиот месец од бременоста- наследничката на Цеца ги разнежни сите со оваа фотографија….
Ужива во бременоста
Неодамна низ целиот регион се прошири веста дека Анастасија Ражнатовиќ е бремена.
Имено младата пејачка и нејзиниот избраник, фудбалерот Немања Гудељ иако долго време не коментираа за нивниот љубовен живот, особено гласините дека Таша и идната свекрва Оливера Гудељ не се во добри односи, сега тие решија почесто да споделуваат детали од привтниот живот.
Парот стана далеку порелаксиран во комуникацијата со следбениците на социјалните мрежи.
Постојано објавуваат нешто ново. Заедничките фотографии, кои претходно ги чуваа само за себе и за членовите на семејството, сега можат да се најдат на нивните профили речиси секој ден.
Заљубениот пар е пресреќен поради тоа што наскоро ќе станат родители и никој не може да им замери што сакаат да ја споделат својата среќа со другите.
Убавата трудница полека влегува во петтиот месец од бременоста, а од нејзиното однесување би се рекло дека ужива во својата благословена состојба.
Новата фотографија на Анастасија Ражнатовиќ е можеби најдоброто сведоштво за нејзината виталност.
Имено, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ објави слика од прошетка со Немања. Таа ги сликала нивните силуети, а до израз дојде стомакот на Анастасија, кој ги разнежни нејзините обожаватели.
Не е тајна дека младата уметница е многу активна за време на бременоста, дека многу пешачи, јаде здраво и бескрајно ужива во новата животна фаза, нетрпеливо чекајќи ги миговите со своето бебе.
Како и Анастасија така и идната баба, Светлана Цеца Ражнатовиќ не можеше да ја сокрие среќата по повод оваа вест, па неодамна за медиумите откри како дознала за доаѓањето на внуката:
– Кога Анастасија преку видео повик ми кажа дека чекам трето внуче, бев пресреќна. Таа вест не беше шок за мене, туку прекрасно изненадување. Ова е голем благослов од Бога за целото семејство. Таша сега се чувствува одлично, не е разгалена, само спие малку повеќе од вообичаено, но тоа е нормално – изјави Цеца во емисијата „Цеца шоу“.