Новости

СТОМАКОТ ВО ПРЕДЕН ПЛАН: Маја Шупут ги остави без здив фановите- изгледа волшебно во седмиот месец од бременоста!

Маја Шупут го чека своето прво бебе!

41 годишната пејачка Маја Шупут Татаринов секојдневно ги информира своите следбеници на социјалните мрежи за доаѓањето на нејзиното прво дете.

Неодамна пејачката објави нова фотографија на која позира покрај новогодишната елка, а во прв план секако е трудничкото стомаче.

фото инстаграм

– И влеговме во 7-ми месец. Ние растеме. Сега сме 28 недела бремена – напиша таа во описот на фотографијата.

Пејачката по тој повод носеше волнен фустан а позираше со рацете на стомакот. Фановите се воодушевени од нејзиниот изглед.

– Мајо, изгледаш одлично, скоро уште два месеци и треба да се роди бебето, најважно е да се биде живо и здраво! – е еден од коментарите.

Пејачката која неодамна откри дека чека син, ја дочека Новата година во друштво на сопругот Ненад Татаринов (37).

Таа сподели и заедничка фотографија на социјалните мрежи.

фото инстаграм

 

– Дали заврши 2020 година? Дали навистина помина? Може ли да ја кренам раката и да кажам: ‘Добредојдовте во новата 2021 година?’ Од дното на моето срце ви посакувам само две работи – да бидете здрави и да имате мирно тло. Без сè друго, очигледно можеме драги мои. Одиме во нов живот, посилни и похармонични од кога било. Само љубов – напиша тогаш таа.

Инаку Маја важи за една од најатрактивните пејачки и водителки во Хрватска и на Балканот, но сега, со нетрпение чека да се оствари во новата улога на мајка.

Маја која е во седмиот месец од бременоста, треба да се породи во март.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Маја Шупут и нејзиниот сопруг Ненад Татаринов во октомври јавно ја објавија веста дека ќе станат родители, а Маја во интервју за Индекс.хр изјави дека моменталната состојба во светот е совршена за нејзината бременост.

 

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

“Ова е одлично за бременост затоа што нема работа. Не знам како би било да се биде во друг град секој ден и да пее до зори”, заклучила таа.

 

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Маја во едно интервју вели дека со оглед на годините (41) најверојатно ова и е прво и последно дете, па затоа решила да му удоволи во се, па така пејачката веќе набавила се што е потребно за детето.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close