Новости

СРПСКА ДОКТОРКА ПРЕДУПРЕДУВА: Не ги игнорирајте овие симптоми, после нив следува респиратор и откажување на органите!

Д-р Миленковиќ вели дека кога пациентите пристигнуваат во доцната фаза на пневмонија, нема многу надеж за нив

За само 24 часа, од сабота до недела, бројот на луѓе вклучени на респиратор низ целата земја се зголеми на 29, а денес има уште 13. До денес вкупно 119 пациенти не можат да дишат самостојно. За време на првиот бран од пандемијата на коронавирус, во Србија,  повеќето пациенти биле приклучени на апарати за дишење и бројот достигнал до 146, објавува Kurir.rs.

 

 

Во следниот, втор бран на 22 јули е забележан рекорден број од 205 лица вклучени на апарати за дишење.

Aнестезиологот Д-р Марија Миленковиќ која е координатор на болницата Ковид Бежанијска коса, која работи во Ургентен центар во редовни околности, истакна дека во наредните денови можно е да дојде до зголемување на бројот на заболени од корона кои ќе мора да бидат приклучени на респиратор.

 

foto eZadar.hr

 

Имено таа додава дека се помал е капацитетот на болниците, односно дека речиси и да нема место за сместување на нови заболени пациенти.

 

 

„Воопшто нема постара популација, претежно пациентите се на возраст од 45 до 65 години. Се разбира, има некои многу стари пациенти, но тие се претежно оние кои дошле во болницата, откако правеле некоја операција, каде им бил откриен вирусот Ковид-19.

Но, има многу млади луѓе кои ги занемарија своите симптоми со висока температура, а потоа завршија на респиратор, поради влошувањето на состојбата.Во моментов, најмладиот пациент на нашиот респиратор има околу 40 години, а најстариот има 86 години, вели д-р Миленковиќ.

 

Foto: Profimedia

 

Таа додава дека кога ќе пристигнат во доцната фаза на пневмонија, нема многу надеж за нив.

Д-р Миленковиќ посочува дека доколку се игнорираат првичните симптоми на коронавирусот, тогаш ќе има прогресија кон другите органи.

 

 

„Сè повеќе, се јавуваат пациенти со срцеви проблеми. Исто така, постојат проблеми поврзани со гастроинтестиналниот тракт, нервниот систем.

 

 

„Кога имате дијареја, повраќање, главоболки, тоа се веќе симптоми кои ги јавуваат други органи, а тешкото дишење е од белите дробови“, објасни таа.

Докторката велид ека машината за дишење генерално помага, но мора да сте многу издржливи.

 

 

Тогаш полека започнува мултиорганска дисфункција, а другите органи почнуваат да откажуваат. „Бубрезите не успеваат да се борат со вирусот, пациентот завршува на диј ализа и, генерално, се намалува способноста на целиот организам да се бори и да реагира“, па доаѓа до см рт, истакна таа.

 

Како да разликувате Ковид-29 од сезонски грип?

 

Есента пристигна, а со тоа се остварија и црните предвидувања на здравствените работници кои прогнозираа дека ќе се зголеми бројот на заболени од Ковид-19, и дека ќе дојде до спојување на сезонскиот грип и коронавирусот.

 

 

Главни симптоми на ковид-19 се температура, континуирано кашлање и губење на сетилото за мирис и вкус.

Повеќето пациенти кои биле заболени од Ковид-19 пред да развијат било какви други симптоми приметиле промена на кожата, како осип и црвенило.

 

 

Од друга страна, уште еден начин сезонскиот грип да се разликува од ковид е гастроинтестиналните проблеми како диареја, повраќање и болки во стомакот кои биле пријавени од страна на повеќе од половината заболени од ковид-19 во Кина.

Погледнете ја оваа табела со симптоми за да може да правите разилика меѓу настинка, грип и ковид-19:

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close