Новости

Среќни вести – се породи водителката од „Брза кујна“! Го откри полот и ПРЕУБАВОТО име на бебето

Александра Илиевска сподели убави вести

Александра е пресреќна што стана мама

Убавата водителка Александра Илиевска нејзиниот сакан сопруг Александар се остварија во улога на родители, а како што дознаваме од наши извори, мајката и бебето се чувствуваат одлично.

Водителката Александра која нашата публика ја памти по популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ со кое беше цели пет сезони, пред една недела се породи, а на социјалните мрежи сподели фотографија и коментар со кој откри како ќе изгледа собата на нејзиното бебенце, но и како ќе се вика.

„Ни се остварија соништата. Сега и официјално. Сара пристигна на 23.01 2021. Ви благодариме на сите што не израдувавте со подароци за бебето“, напиша Александра во описот на објавата на која се гледа детската соба украсена со многу балони, цвеќиња и торта на која пишува Сара.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Инаку, водителката во едно интервју најави дека најверојатно по породилното повторно ќе ја гледаме во кулинарското шоу.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Да посетиме, Александра со години се појавуваше на малите екрани заедно со шефовите Марк и Никола во кулунарското шоу.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Во ова шоу, откако остана во блажена состојба ја замени Сања Савевска, познато ТВ лице од Телевизија 24.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

За целото време на својата бременост Александра одвај да се поправи неколку килограми и тоа во последните месеци.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Впрочем за тоа сведочат и нејзините фотографии на социјалните мрежи на кои блескаше во својата бременост.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Александра и нејзиниот сопруг Александар се заколнаа на вечна љубов во 2016 и ќерката Сара е нивното прво дете.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Она што е посебно интересно е тоа што Александра и Александар се запознале уште во тинејџерски денови, кога меѓу нив се разбудила љубовта која се уште трае и зрачи како да се заедно од вчера, а не повеќе од 20 години. Тие по 16 години врска ќе запловат во брачните води, а нивната љубов сега е крунисана и со еден член на семејството, малата Сара.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Значењето на името Сара

Името Сара е од хебрејско потекло, потекнува од зборот Сарај со значење – принцеза, владетел, висока жена. Во Библијата, Сара е сопруга на Аврам (Аврам) и исто така се споменува во Куранот. На арапски јазик името значи „оној што им носи среќа на гледачите, весел и радосен.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Името е многу популарно кај христијаните и муслиманите во различни варијанти.

Оние кои го носат ова име се сметаат за посебни личности на кои им треба постојано внимание, нежни допири… но тие знаат и да вратат со иста мера, со една посебна и единствена љубов.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Со еден збор, навистина се среќни сите оние што познаваат барем една Сара во животот, а посебно кога ќе во прашање ќерка.

Па, честитки за убавата мама.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close