Кафе муабет
“Спиев со 12 девојки во иста вечер, ми се измести колкот”: Дарко Лазиќ ја шокираше јавноста со оваа изјава!
Дарко ја исполнил својата голема желба...
30- годишниот српски пејач Дарко Лазиќ призна дека минатата година спиел со 12 девојки во Швајцарија.
Но, тоа не е се. Тој откри и како по целовечерната акција му се изместил колкот, кој наводно го оперирал по тешката сообраќајна несреќа.
– Кога бев во Цирих минатата година по работа, си исполнив една желба сам на себе, што би рекле другите, за релаксација. Работев ноќе, спиев преку ден, па зедов неколку слободни денови да се забавуваме и да го разгледаме градот. Со мене беа неколку пријатели, се договоривме да одиме во бордел и да се забавуваме за сите пари – започнал Дарко, а пренесува Блиц.
Истата вечер спиел со 12 девојки. Влегол во бордел и едноставно, вели, не знаел каде прво да погледне. До него лежеле бринети, русокоси, црномурести девојки.
– Човек да не знае што попрво! Тоа беше моја голема желба. Не ги видов моите пријатели цела ноќ, сите беа во нивните соби. Дури наутро сите се сретнавме и отидовме во хотелот во кој престојувавме – изјави Лазиќ.
Акцијата траела цела ноќ, а по неа следеле проблеми. На Дарко му се „изместил“ колкот кој го оперирал по тешка сообраќајна несреќа.
– Утрото многу ме болеше колкот. Од болка едвај се движав, знаете дека имав неколку операции по сообраќајната несреќа. Колкот ми се олабавуваше и дури по пристигнувањето во Србија можев да направам преглед кај лекарите. Докторот ме праша што сум правел, морав згрчено да му објаснам. Човекот само почна да се смее, ме погледна и ми рече: „Дарко, пази! Не дозволувај повторно да те составуваме. Треба да се биде умерен во се’ – се присети фолкерот.
Ужива во нова врска!
Пејачот Дарко Лазиќ повторно е заљубен а пред извесно време со новата избраничка Катарина се појави во една емисија.
Девојката со својот изглед го привлече вниманието на сите. Водителката го „испровоцира“ пејачот за новата девојката.
– Погледнете колку е симпатична вашата девојка! Што видовте во овој Дарко Лазиќ? – ја праша водителката поубавата половина на пејачот.
– Убава е – рече Дарко кој не ја симна насмевката од лицето, што е доказ за тоа колку е заљубен во новата девојка.
– Дарко веќе некое време ужива во врска со Катарина С. Таа е една година постара од него, има 32 години. Во брак е три-четири години. Тој човек е спортист, поседува теретана во едно гратче во Срем, каде работи и како тренер. Долго време се обидувале да добијат дете, но не успеале. Отишле и на ин витро оплодување. Веројатно ова е една од причините поради која настана проблем меѓу нив – изјави неодамна извор за српски Курир.
Како што се шушка во медумите, Катарина се уште е законски мажена, а наводно го оставила сопругот и се вселила во станот на пејачот.
„Со Дарко прва кликна Катарина. Тие веќе подолго време се во контакт преку социјалните мрежи, а се познаваат и долго време. Таа често одела на неговите настапи. Сепак, тие го интензивираа своето пријателство по заедничките тренинзи во теретана и консултациите за исхраната.
Лазиќ лудуваше по неа и не му беше гајле што е мажена жена, тоа воопшто не му пречеше. Иако Катарина се уште официјално не се развела, пред извесно време, без објаснување, само ги собрала работите од куќата во која живеела со сопругот и се вселила кај Дарко“, пренесува порталот.
„Сопругот на Катарина беше во шок, навистина се чувствуваше изневерено. Веднаш ги избриша сите заеднички слики со сопругата, а наскоро и таа го стори истото. Сега се помири со тоа, се врати на тренинзите и на работата, тоа го исполнува. Инаку, Ката и Дарко беа заедно на море. Со нив беше и нејзината помлада сестра. Иако на почетокот тоа го криеја, подоцна се опуштија, па најпрвин објавија селфи од теретана, а потоа таа го бакна во уста додека тој на настап ја пееше неговата песна „Моите бивши жени“, а сето тоа некој го снимил и објавил на социјалните мрежи“, пишува порталот.