Кафе муабет
СПЕНЏАРСКА СИ НАЈДЕ СРОДНА ДУША: Водителката ужива со дечкото Грк – ја носи на шопинг и ја рани чоколади
Една од нашите најпознати и најубави водителки се заљуби...
Водителката Јелена Спенџарска повеќе од 15 години е во медиумскиот простор.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Многу скандали, јавни препукувања, суспендирања од нејзината матична ТВ-куќа, но и многу телевизиско искуство и напорна работа стојат до нејзиното име.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Беровчканата години наназад ја гледаме како дел од Утринската програма на Канал-5 телевизија.
Иако летото го искористи за шетање и три месеци беше на неплатен одмор, од септември таа повторно се врати на нејзината прва љубов – телевизијата.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Освен телевизиската работа, Јелена е доста активна и многу популарна и на социјалните мрежи.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Овој викенд реши да направи исклучок, и на својот профил на Инстаграм сподели дека ужива во Солун со љубениот.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
– На пат да си го „направиме денот“ – напиша во описот на фотографија на инстаграм каде со момчето се шетаат фатени за рака. Потоа сподели како уживаат во грчка храна.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Спенџарска реши попустите за blacк Friday да ги искористи во Грција.
Прво, се снимаше како се шета низ градот, потоа, се пофали каква домаќинка е, односно какви убави чинии си купила, а потоа во едно од сторињата се слушна машки глас со кој зборува на англсики јазик.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Потоа, машка рака покажува дека ѝ купува на Јелена неколку чоколади од позната марка, а таа вели: Ова е за мене? Потоа, Јелена му вели: Ова е со орео. Купи и ја оваа, оваа ја сакам.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Потоа, Јелена покажа како се шета низ Икеа и рече дека дошле да си купат украси за Нова година, а таа си купила масичка за дома, а следно покажа како го накитила станот.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска