Кафе муабет
Со ова гламурозно издание Милена Антовска блесна на “Златна Бубамара”: Водителката ги собра сите погледи- сите зборуваат за црното тесно фустанче кое ја истакна нејзината совршена фигура
Милена се појави на 26-тото издание на "Златна Бубамара"...
Милена Антовска- Станковска денеска е една од омилените дами а јавноста ја запозна како една од првите водителки на утринската емисија на Канал 5 телевизија каде заедно со водителот Роберт Јанков ја водеа програмата.
Изминатата година Милена паузираше од тв-екраните, користејќи породилно отсуство по втор пат откако на свет ја донесе нејзината втора ќеркичка Јоана.
Таа не крие колку е горда на себеси и на она што е денес, посветена мајка, сопруга и воедно успешна жена, една од најпознатите ТВ-лица кај нас.
За мајчинството, работата, професионалниот наспроти приватниот живот, предизвиците на една успешна жена во 21-век таа неодамна проговори во интервјуто за Гламур Магазин.
Моите почетоци беа во 2009-та година најпрво како дел од информативна редакција, како новинар/репортер, за после неколку месеци да ме повикаат да бидам дел од утринската програма на Канал 5 и така станав првата водителка на “Здраво Македонијо’’.
Таа е мајка на две ќерки постарата Лана Марија и помалата Јоана. Вели дека мајчинството ја направило уште почувствителна но и дека целосно и се променил начинот на живот.
-Среќна сум и исполнета на секое поле. Тоа што сум си го замислила досега сум си го исполнила истакна Милена во интервјуто за гореспоменатиот медиум.
Вчера Милена се појави на најновото издание на Златна Бубамара каде присуствуваа и многу јавни личности.
Имено убавата водителка ги собра сите погледи со својата совршена појава.
Облечена во црн фустан и црни салонки, целата комбинација ја надополни со ланче од бели бисери и својата препознатлива насмевка.
Милена собра низа комплименти за својот изглед. Многумина коментираат дека и покрај тоа што родила две деца водителката изгледа совршено.