Кафе муабет

Со неа бил во врска пред 13 години а сега повторно и се врати: Ова е новата девојка на Дарко Лазиќ- пејачот вели за прв пат сака искрено

Вели страста се уште постои...

Фолкерот Дарко Лазиќ е познат по своите турбулентни врски кои секогаш завршуваат со не толку добар крај.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Можеби овој пат ќе има среќа. Неодамна во една емисија пејачот на прашањето дали има некоја одговори:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Имам секако. Често сум во врска, не сакам да бидам сам, но овој пат сум со девојка, која ја познавам 13 години – одговори Дарко Лазиќ и додаде:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Катарина е девојка со која бев во врска пред 13 години една година и еве сме повторно заедно. Се забавувавме кога јас имав 18, а таа 19. Мислам дека тоа е судбина.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Лазиќ објави фотографија со Катарина од теретана, на која се гледа како цврсто ја држи преку градите, алудирајќи на силната врска на парот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Многумина беа заинтригирани и шпекулираа дали пејачот конечно ќе се смири?

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Едноставно сфаќаш дека она што прво си го имал и си го сакал, таа страст траела некаде потисната и дека после 13 години се среќаваме и почнуваме одново и дека страста е поголема од било кога. Тоа е малку сериозно за мене. Иако Катарина не ми верува, таа го чувствува тоа, ја чувствува страста. Сите 13 години ми се во срцето – изјави Дарко.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Инаку извор близок до парот откри дека Катарина се уште официјално е во брак.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Дарко веќе некое време ужива во врска со Катарина С. Таа е една година постара од него, има 32 години. Во брак е три-четири години. Тој човек е спортист, поседува теретана во едно гратче во Срем, каде работи и како тренер. Долго време се обидувале да добијат дете, но не успеале. Отишле и на ин витро оплодување. Веројатно ова е една од причините поради која настана проблем меѓу нив – изјави неодамна извор за српски Курир.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Со Дарко прва кликна Катарина. Тие веќе подолго време се во контакт преку социјалните мрежи, а се познаваат и долго време. Таа често одела на неговите настапи. Сепак, тие го интензивираа своето пријателство по заедничките тренинзи во теретана и консултациите за исхраната.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Лазиќ лудуваше по неа и не му беше гајле што е мажена жена, тоа воопшто не му пречеше. Иако Катарина се уште официјално не се развела, пред извесно време, без објаснување, само ги собрала работите од куќата во која живеела со сопругот и се вселила кај Дарко“, пренесува порталот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Сопругот на Катарина беше во шок, навистина се чувствуваше изневерено. Веднаш ги избриша сите заеднички слики со сопругата, а наскоро и таа го стори истото. Сега се помири со тоа, се врати на тренинзите и на работата, тоа го исполнува. Инаку, Ката и Дарко беа заедно на море. Со нив беше и нејзината помлада сестра. Иако на почетокот тоа го криеја, подоцна се опуштија, па најпрвин објавија селфи од теретана, а потоа таа го бакна во уста додека тој на настап ја пееше неговата песна „Моите бивши жени“, а сето тоа некој го снимил и објавил на социјалните мрежи“, пишува порталот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close