Кафе муабет
СО НАСОЛЗЕНИ ОЧИ ДАРКО ЗА ПРВ ПАТ ПРОЗБОРЕ ЗА РАСКИНУВАЊЕТО СО БАРБАРА: Еве што точно се случило…
Ќе останат пријатели...
Дарко Лазиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, и зборуваше на бројни теми кои ја заинтригираа јавноста последните денови.
Едно од најактуелните секако е ненадејното раскинување со неговата колешка Барбара Бобак, пред само неколку дена.
-Јас сум многу емотивна личност, со Барбара живеевме заедно речиси една година, таа е пред се одлична личност. Таа е партнер и пријател! Бевме многу добри имавме и пријателски однос и се сакавме, но едноставно сфативме дека не ни оди добро. Не беше тоа што го замислувавме, можеби малку избрзавме со одлуките – рече Дарко и додаде:
-Сега се договоривме да се разделиме како луѓе и да останеме пријатели, бидејќи таков човек треба да биде покрај тебе барем како пријател. Барбара е многу талентирана и таа е прекрасна девојка. Се сакавме и се почитувавме и сè уште е така. Легнував и се будев со неа една година, но подобро е да се дружиме.
Дарко Лазиќ пред неколку дена рече дека ноќта кога бил уапсен не конзумирал наркотици како што беше утврдено.
Тој призна дека пиел алкохол и возел без дозвола, но не и дека користел наркотици, кои му биле пронајдени во крвта.
– Точно е дека бев позитивен на к.каин, но не го консумирав! Да конзумирав, сигурно немаше да се пријавам доброволно да го направам тој тест! Соработував со полицијата токму затоа што знаев дека ништо не сум земал. Единственото логично објаснување за тоа што ми беше најдена дрога во крвта е дека некој ми ставил кокаин во пијалокот или дека сум пиел од туѓа чаша! На тој роденден имаше многу непознати луѓе… – вели Дарко и открива зошто пиел таа вечер:
– Бев во депресија бидејќи Барбара ме замоли да направиме пауза од врската… Затоа тагата ја третирав со алкохол. Испив неколку чаши, што покажа тестот, имав 0,91 промили алкохол во крвта. Тоа е точно и затоа немам проблем да признаам, но навистина не се точни приказните за дро0га, како и дека сум се однесувал дрско во полициска станица. Напротив, бев нормален и соработував со полицијата.
Иако полицијата утврдила дека Лазиќ нема возачка дозвола од 2013 година, Дарко се правда дека во меѓувреме добил возачка во странство.
– Имам возачка дозвола, ќе докажам. Едноставно не успеав да ја земам– тврди фолкерот.
Лазиќ во последните девет години направил 16 сообраќајни прекршоци, вклучувајќи го и оној од октомври 2018 година, кога едвај останал жив. По новиот прекршок, тој тврди дека конечно се вразумил.
– Искрено жалам за сите прекршоци што ги направив, ветувам дека нема да се повтори. Згрешив, но што да правам, жив човек сум. Сега сум свесен дека веќе не смеат да ми се случуваат такви работи за да не страдам ниту јас, ниту некој друг во сообраќајот – вели Дарко.
Дарко е казнет со 200.000 динари, што е максималната казна што може да се добие за возење под дејство на алкохол. Дополнително, добил забрана за управување со моторно возило една година, а за брзо возење треба да плати уште 10.000 динари.