Кафе муабет
Со еден потег Анастасија ја победи свекрвата: Оваа фотографија покажува се- НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ ОВА ОД ГУДЕЉ
Доби подарок од машкиот дел од фамилијата...
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ откако стапија во емотивна врска се главна тема во медиумите.
Тие со месеци уживаат во хармонична врска. Ќерката на Цеца се повеќе време поминува во Севиља, а нејзината последна објава на социјалните мрежи јасно покажува дека српскиот репрезентативец ја чува како малку вода на дланка.
Како вистински џентлмен, Гудељ ја израдува својата сакана со прекрасен букет цвеќе за Денот на жената.
– Среќен 8 Март – пишува на честитката која ја доби од Немања, неговиот помал брат Драгиша и таткото Небојша Гудељ.
Објавата на Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш покажа дека машките членови на семејството Гудељ позитивно гледаат на нејзиниот однос со Немања.
Од друга страна овој пат недостасуваше честитка од мајката на Немања, Оливера и од сестрата Вања кои неодамна ја одпратија идната снаа од Инстаграм.
Ова уште еднаш ги подгреа гласините дека најверојатно се точни шпекулациите за лоши односи меѓу нив или нешто друго е во прашање останува да се види.
Младата пејачка и познатиот фудбалер се во врска речиси една година, а се запознале преку заеднички пријатели додека Гудељ минатата година беше во Белград. Оттогаш тие уживаат во врската, а Анастасија се почесто престојува во Шпанија каде живее со својот избраник.
Бидејќи младата пејачка се повеќе време поминува во Севиља, многумина се прашуваат како изгледа љубовното гнездо на ќерката на Цеца и славниот фудбалер.
Судејќи по објавите на социјалните мрежи, куќата на Немања Гудељ се наоѓа во мирен, но елитен дел од градот и е уредена до последен детаљ. Анастасија, која моментално престојува во Севиља, секако е добредојден гостин во неговиот дом.
Да се биде во Шпанија, во овој период од годината е вистински благослов со оглед на тоа дека дневните температури достигнуваат до 18ºC се идеални за прошетка. Така додека Гудељ тренира, на Анастасија и прави друштво нивниот миленик.
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ не крие дека сака да стапне на лудиот камен, но смета дека се уште е млада за таков чекор.
– Колку се заљубени тоа не мора никому да го признаат затоа што тоа им се гледа на лицата. Уште од првиот ден кликнаа и на сите им беше јасно дека овој однос ќе биде поинаков– изјавил неодамна извор близок до Гудељ, пренесува „Блиц“.
– Немања и Анастасија се во сериозна врска и планираат заедничка иднина. Таа беше првата личност на која и кажа дека добил понуда од турскиот прволигаш и и објасни дека е многу веројатно следната година да ја напушти Шпанија. Ја прашал дали би сакала да ги спакува куферите и да замине со него. Се договориле прво да оди во Турција, а кога ќе се смири и ќе се вклопи во околината, ќе му се придружи и Таша – открил соговорникот кој истакнал дека Ражнатовиќ не планира да ја запостави музичката кариера.
– Анастасија не планира да се откаже од пеењето. Свесна е дека за да напредува во работата треба многу време да минува во Белград бидејќи тука се сите нејзини колеги и кариерата најдобро ќе ја води од Србија. Исто така, таа е многу врзана за семејството, мајката, братот и внукот Жељко, а одлучила постојано да биде на релација Белград-Турција за да го поддржува своето момче, но и да продолжи со сопствениот раст. Верува дека тоа ќе биде добар тест за нивната врска, била свесна дека сериозна врска со спортист бара одредени жртви и верува дека ќе може да се снајде со тоа темпо на живот – откри неодамна извор близок на Анастасија.