Дом и семејство

Соседите го открија ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА СЕМЕЈСТВОТО РОКВИЌ: Сопругата недостапна и вообразена а ВАКА СЕ ОДНЕСУВА НИКОЛА

Само пофални зборови за нив...

Соседите понекогаш имаат пофални зборови за јавните личности, понекогаш ги критикуваат, но секогаш има коментари од овој или оној вид.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

Но, друга е приказната со брачниот пар, манекенката Бојана Баровиќ и пејачот Никола Роквиќ. Сите имаат убави зборови за нив.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

– Во медиумите читаме дека Бојана е бремена, веројатно на почетокот на бременоста бидејќи стомакот не се гледа. Ја видов пред неколку дена, се подготвуваа за патување, а таа ми изгледаше само малку отечена во лицето. Така изгледаат трудниците, особено кога е жешко, но носеше лелеав фустан, долг и не и се гледаше стомакот – истакна госпоѓа Нада, која живее во зградата карши нив.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

– Никола е прекрасна душа и прекрасен човек. Го познавав и Маринко, тој беше намќор и за среќа Никола не е на него, но очигледно знаеше да ги воспита децата. Тоа всушност го направи Славица бидејќи и двата сина се многу насмеани и весели луѓе. Бојана кога се пресели овде делуваше вообразено, но со Никола стана достапна. Убаво е да се види како ги воспитуваат децата, зборуваат тивко и како се сакаат. Никола посака трето дете, рече: Дај боже. Драго ми е што желбата му се исполни, нивните деца сигурно ќе станат прекрасни луѓе – рече чичко Љуба.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

Во блиската продавница уживаат кога ја гледаат оваа брачна двојка, како и мајката на Никола, Славица.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

– Конечно, добрата вест донесе радост во ова семејство. Од моментот кога Маринко се разболе сите беа тажни. Се трудеа на секој начин да му олеснат, но и да бидат што повеќе со него. Го видовме Никола тажен, неизмерно, а по погребот долго време не се опорави. Бојана повеќе се трудела да биде со децата, а тој одел во манастири, што очигледно му било задоволство. Се врати препороден. Сега радосната вест стигна прво од Марко, па од неговата куќа. Тоа ја израдува и Славица. Често доаѓа, купува намирници и ги шета внуците – велат продавачките кои ги слушаат песните на Никола, а често одат и на неговите настапи кога пее во Белград.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

Соседот Стефан вели дека Никола учествува во сите активности кои се однесуваат на уредување на околината и дворот околу зградата и дека често сади дрвца или наводнува цвеќиња.

фото инстаграм/Бојана Баровиќ

-Никола имаше ритуал кога некое дете ќе се роди да засади дрво пред зграда, така ќе биде и со ова третото сигурно. Останатите тоа го видоа од него и така се создаде целиот дрворед. Истото го прави и со новогодишната елка, но и со разни растенија што ги носат расадниците. Кога ќе види дека цвеќињата секнале, ги полева. Па, тоа доволно ви кажува каков маж е тој – вели Стефан.

фото инстаграм/Бојана Баровиќ
фото инстаграм/Бојана Баровиќ
фото инстаграм/Бојана Баровиќ
фото инстаграм/Бојана Баровиќ
фото инстаграм/Бојана Баровиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close