Дом и семејство
Совети за родителите: Еве како да се справите со разгалено дете!
Психолозите велат дека не треба да попуштате...
Иако многумина се водат од онаа народната, „однесувањето доаѓа од дома”, сепак многумина ќе се согласат дека и покрај сите напори едноставно детето е тврдоглаво и родителите не можат многу да сторат околу неговото однесување.
Во продолжение неколку совети за родителите на палави и размазени деца…
Поставете граници
За правилно воспитување на детето, клучни се неколку фактори, а тука е, на пр. и поставувањето јасни граници.
Детето мора да си го знае местото и да стекне некои навики. Ако правите за него сѐ што ќе посака, така ќе му биде полесно сега, но потешко – подоцна, пишува страницата „Very Well Family”. Односно, така не му правите услуга ни на своето дете, ниту себеси.
Воведете казна и награда
Родителите треба да знаат дека сосема е во ред да им се даваат на децата задачи, но и да си добијат одредена казна доколку не го почитуваат тоа што родителот го кажал.
Децата треба да научат да ги поднесуваат последиците од нивното однесување.
Многу психолози веруваат дека казнувањето е составен дел од образованието, а една од најголемите грешки е исполнувањето на секоја желба на детето.
Не чувствувајте грижа на совест доколку не му купите нешто што посакало. Детето мора да научи дека не може да се добие се во моментот кога ќе посака.
Психолозите велат дека за што поефикасно воспитување, мора да има целосна согласност меѓу двајцата родители.
Ако едниот родител одреди казна, а другиот прави сѐ за да ја прекрши таа казна за да се доближи до детето, тоа ќе знае како да ја злоупотреби таа слабост.
Најчести грешки при воспитување на детето- ова остава трајни последици
Недостаток на самодоверба, стравови, недостаток на независност, сето тоа се последици од воспитувањето на родителите.
Многумина од најдобра намера за да му одоволат на детето можат да направат грешки кои ќе донесат до трајни последици.
Ментално посилните деца се поспремни да се соочат со својата иднина, па затоа треба да го негувате нивното ментално здравје.
Ова се, според психолозите, најчестите грешки што ги прават родителите:
Секогаш го „спасувате“ од неуспех
Кога сте родител, тешко е да гледате како детето се соочува со предизвици кои лесно можете да ги решите.
Но, размислете за тоа на следниов начин: дури и ако вие ги направите домашните задачи на вашето дете, утре нема да можете да седите со него во училницата и да му помогнете со тестот или додека усно одговора. Контролата е во ред, но детето мора само да ги заврши своите задачи.
Сфатете дека и неуспехот е дел од успехот. Ако на децата никогаш не им се даде шанса да ги научат лекциите што произлегуваат од неуспехот, тие никогаш нема да ја развијат потребната упорност повторно да се кренат по падот.
Сосема е природно што сакате вашето дете да биде најдобро во сè. Сепак, има родители кои имаат големи очекувања од своите деца, без разлика дали се работи за училиште, спорт, работа или нешто друго. Често забораваме дека секое дете веќе дава се од себе за да ги исполни очекувањата на родителите. Секое дете е различно и посебно и секое има различни способности.
Барајќи го невозможното од вашето дете, го правите несигурно и му давате чувство на инфериорност со која ќе се бори и како возрасен.
Не го охрабрувате во нови работи
Има многу работи кои можат да направат на детето да му биде непријатно, како што се пробување нова храна, стекнување нови пријатели, нови спортови, а особено преселување во нов дом или менување училиште.
Исто како и неуспехот, справувањето со непријатни ситуации ја зајакнува психата на вашето дете. Охрабрете го вашето дете да пробува нови работи. Помогнете му да го направи првиот чекор, бидејќи обично е најтежок.
Многу е важно да му дадете до знаење на детето дека е нормално да зборува за своите чувства, но и да ги изразува. Кога ќе му кажете на детето „не биди толку тажен поради тоа“ или „не е голема работа“, му испраќате сигнал дека чувствата не се важни и дека е подобро да не ги покажуваш.
На пример ако среде страшна бура со грмотевици вашето дете покаже колку е исплашено, кажете му „Знам дека се плашиш“ и прашајте го како да му помогнете да се чувствува подобро.
Така, вие го учите како да ги контролира своите чувства и му помагате да се вразуми додека не најде решение.
Како и возрасните, децата имаат потреба од приватност. Како што расте, таа потреба е се поголема, бидејќи тоа всушност значи дека детето сака да ја преземе контролата врз сопствениот живот. Не му ја негирајте приватноста.
Некогаш, доволно е да мислат дека сте ги пуштиле, додека оддалеку ги следите и набљудувате што и како прават.
Со загрозување на приватноста на детето, вие го ставате во ситуација на недоверба, а лажењето може да стане навика.
Колку и да сте посветени на детето и да мислите дека љубовта се зема здраво за готово, голема грешка е да не му покажете или да му кажете колку тоа ви значи.
Исто така, ако детето прави нешто како што треба, пофалете го. Иако на нашите простори се верува дека „децата се расипуваат кога се фалат“, немојте да се водите по тоа. Пожелно е на децата да им се покаже љубов.
Повеќето родители имаат потреба да ги контролираат своите деца во сè, особено во одлуките што ги носат сами. Понекогаш е потребно да му дозволите на детето само да донесе некоја важна одлука. Контролирањето на секоја ситница во нивниот живот ќе ги натера да се сомневаат во себе и да се чувствуваат ограничени.
Ако им дадете можност на децата да донесуваат одлуки, ќе ја развиете нивната самодоверба и самопочит, а исто така ќе ги научите да преземат одговорност за своите постапки.
Обидете се да избегнувате кавги пред децата, особено оние кои се агресивни, непријатни и полни со грди зборови или пцовки.
Кавгите можат да остават долготрајни трауми на психата на вашето дете и поради нив подоцна може да имаат проблеми во емотивните односи. Родителите треба да бидат пример врз основа на кој децата ќе формираат врски.