Кафе муабет
Соба како од бајките: Погледнете какво мало царство има ќеркичката на Хари и Меган!
Нејзините родители уште пред да се роди одлучија дека нема да има официјални титули покрај нејзиното име но секако таа секогаш ќе биде принцеза за нив.
Изминатиот период принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, беа во центарот на вниманието поради контроверзното интервју кое го дадоа кај Опра.
Имено интервјуто предизвика “многу прашина”, а се зборуваше и дека поради тоа двајцата браќа повеќе не разговараат.
Но сега парот повторно е главна тема во медиумите откако минатот петок Меган на свет ја донесе нивната ќерка на која и го дадоа името Лилибет Дајана.
Нејзините родители уште пред да се роди одлучија дека нема да има официјални титули покрај нејзиното име но секако таа секогаш ќе биде принцеза за нив.
Лилибет Дајана веќе во неделата пристигна во семејниот топол дом со нејзината мајка Меган, каде што нејзиниот татко Хари и постариот брат Арчи, пресреќни што малата Лилибет се приклучи на семејството, подготвија специјално добредојде.
Инаку куќата што Меган и Хари ја купија ова лето во Монтесит во Санта Барбара има девет соби, но две се посебни.
Едната е на двегодишниот Арчи а другата на нивната штотоку родена ќерка.
Собата на малата Лилибет буквално изгледа како од бајките.
Посебен ефект дава креветот кој е во вид на замок – двете кули се поврзани со балкон, до кој се стигнува по скали. Сè е во деликатни розови тронови, дури и фасадата на замокот.
Собата на Лилибет Дајана има и тераса од која има неверојатен поглед кон имотот.
Коњи, мечки, леопард, лав, снежниот човек Олаф … Дрвјата се насликани на sидовите на собата, а мекиот кревет е поставен спроти замокот на бебето, каде веќе своето место го зазедоа големо плишано куче и перници во форма на срце.
И, дворот на луксузниот имот во Монтезит е претворен во мини Дизниленд. Арчи веќе се забавува во својот мини парк прилагоден за деца од предучилишна возраст и нема сомнеж дека неговата сестра ќе му се придружи веднаш штом ќе прооди.
Хари и Меган издвоија скоро 15 милиони долари за нивната оаза во Калифорнија минатиот јуни. Главната куќа, изградена во 2003 година во медитерански стил, има девет соби, 16 бањи, теретана, сауна, спа центар, тениско игралиште, базен, библиотека, лифт, просторија за игри, кино …
Имотот е купен од рускиот бизнисмен Сергеј Гришин , а меѓу првите соседи се и Опра Винфри, Елен Деџенерис, Аријана Гранде, Орландо Блум и Кети Пери, Гвинет Палтроу.