Кафе муабет

Снежана Ѓуришиќ и порача на Рада Манојловиќ: „Оди поправи ги забите, вулгарно си ОБЛЕЧЕНА!“

Денес Рада е една од најпознатите пејачки на Балканот...

Пејачката Рада Манојловиќ веќе долги години е една од најпознатите пејачки во регионот и може да се каже дека не се промени многу од моментот кога се појави на сцената, но првото нешто што го промени на себе се забите.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Таа призна дека решила да посети стоматолог по критиките на Снежана Ѓуришиќ, но и други негативни коментари со кои се соочувала.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

-Кога се појавив на сцената на „Ѕвездите на Гранд“ не очекував некој да го коментира мојот изглед. Мислев дека дојдов да пеам и само тоа е важно. Сепак, Снежа тогаш ми кажа дека морам да ги поправам забите и дека здолништето ми е прекратко, дека сум вулгарно облечена… Ништо не беше добро! Таа има сини, опасни очи како лисица. Кога ќе ве погледне, се смрзнувате и се плашите. Изгледа строго, но всушност е добра душа – вели Рада и додава дека го прифатила советот на Снежана:

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Ги направив забите поради предлогот на постарите колеги, бидејќи навистина не изгледав убаво  на телевизија.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Пејачката стана една од најпосакуваните на естрадата, момците се тепаат за неа, но медиумите не ја поштедија.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Момците никогаш не ми наоѓаа маани, туку медиумите. Пишуваа: Радо, ти си рамна како даска, зголеми ги градите! Поправи го носот, изгледаш како да имаш клун“. И јас никогаш не направив ништо на себе освен моите заби.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Рада Манојловиќ љубоморно го чува својот емотивен живот од очите на јавноста, а претходно раскажа во каква е во врска.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Мојот човек ме држи како вода на дланка. Исто како и јас него. Конечно сум заљубена и се е како што треба. Конечно сум среќна и го имам тоа што ми треба. Кога ќе се заљубам, давам се од себе. Вложувам многу во оваа врска и пристапувам на љубовта како да е за цел живот. Не знам и не можам да пресметувам – изјави тогаш Рада.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Но сега во медиумите излезе веста за нивно раскинување, а малкумина знаат како започнала нивната љубовна романса.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Имено, екипата на Папарацо лов се упатила кон Градачац, каде Рада настапувала во дискотека во родниот град на нејзиното момче Берковиќ. Рада во дискотеката пристигнала со сестра и и две момчиња.
Рада по настапот заврши во мотел, а не во куќата кај Берковиќ, а тврдењата дека веќе не се заедно се покажаа како точни.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Пејачката во една прилика објасни дека Берковиќ е многу срамежлив, и дека таа е таа што требала да преземе иницијатива, за денес се да биде како што треба.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Иако меѓу нив има голема разлика во годините, тоа не ги спречува да се сакаат. „Ѕвездите на Гранд“ ги споија, се спротивставија на бројните препреки, озборувања и уживаа во љубовта, а парот преку бројни интервјуа откри како навистина започнала нивната љубовна приказна.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

-Прв дознав за неа, ја видов на телевизија. Слободно можам да кажам дека бев дете кога првпат ја видов – се пошегува Харис Берковиќ во гостување во емисијата „Амиџи шоу“.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Беше поголемо дете од мене, разликата меѓу нас е девет години – додаде Рада.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close