Кафе муабет
Снаата на Цеца повторно ги собра сите погледи: Бремената Богдана мами воздишки со овој стајлинг
Ужива во бременоста...
Семејството Ражнатовиќ годинава ќе стане побогато за уште еден член. Имено Богдана и Вељко го очекуваат својот втор син.

Богдана Ражнатовиќ која е во петтиот месец од бременоста сега повторно е тема број еден во медиумите.

Имено поубавата половина на Вељко, за неколку месеци ќе роди момче кое решиле да го крстат Крстан.

– Со Божја помош за неколку месеци доаѓа Крстан Ражнатовиќ. Фала му на Бога и на мојата најдобра сопруга – изјави Вељко во една прилика.

Богдана и Вељко одлучија нивниот втор син, да се вика Крстан, а потеклото на ова име потекнува од грчкиот збор stauros, што значи „крст“.

Инаку, ова име има значење и во нумерологијата, во која луѓето со името Крстан имаат потешка судбина и живот полн со пречки кои бараат голема борбеност и истрајност.

Бременоста на Богдана одлично и доликува а доказ за тоа е најновата фотографија на Инстаграм.Бидејќи ретко се појавува во јавноста, секое нејзино појавување како и фотографија која се појавува на социјалните мрежи е вистинско уживање за новинарите и сите го коментираат нејзиниот изглед во веќе поодмината бременост како и трудничкиот стил на Богдана Ражнатовиќ.

Оваа млада и многу посветена мајка најмногу сака да го поминува времето со семејството, а јавниот живот очигледно не ја интересира премногу, па токму поради оваа причина за многумина е интересна тема дали Богдана сега се здебели неколку килограми, каков е нејзиниот стил сега кога е во блажена состојба и дали и понатаму е привлечна како порано.

Бидејќи нејзиниот профил на „Инстаграм“ е заклучен, таа ги споделува своите објави со мал број пријатели, а најновата фотографија сведочи за нејзиниот совршен изглед и стил од кој не отстапува ниту за време на бременоста.

За попладневните активности, шопинг и прошетка со своите најблиски, сопругот Вељко и синот Жељко, Богдана одбра удобна, но истовремено и ефикасна модна комбинација. Таа се одлучи за црни фармерки и совршен зимски капут во актуелна нијанса со интересен крој, под кој и се гледаше трудничкиот стомак.

Стилот на Богдана Ражнатовиќ, како и речиси секогаш до сега, наиде на низа пофални зборови и сите се согласуваат дека избраниот аутфит одлично и прилега, а и бременоста исто така.
