MAMA

Слатка дремка: Девојчето легна меѓу миленичињата, ја галеше мачката, додека кучето ја гушкаше

Девојчето ужива во нивното друштво

Девојчето ужива во нивното друштво

Симпатична снимка од девојче кое дреме меѓу две бушави пријатели ги стопи срцата на милиони луѓе во Кина.

На видеото се гледа како тригодишно девојче лежи меѓу кучето Даба и мачката на Мотор, а додека ја гали мачката, златниот ретривер замавна со шепата над неа и ужива. и лавиринт со девојче, пренесува Дејли Меил Родителите, кои живеат во северната кинеска провинција, го снимаат и објавуваат животот на девојчето и нејзините две миленичиња од 2018 година.

Мајката открила дека кучето престанало да уништува мебел и мачката гребела по sидовите уште од раѓањето на девојчето.

На профилот на  TikTok наречена Дауин ја следат 3,5 милиони луѓе кои ги трогне прекрасната врска помеѓу девојче и домашно милениче.

Поседувањето домашно милениче е една од најдобрите работи на светот. Освен тоа што на животните им пружите дом, притоа добивате и безгранична љубов и најдобар пријател кога ќе биде со вас кога ќе ви биде најтешко. Овие хороскопски знаци се најодговорни во овој поглед, при што животните ги обожаваат.

Рак

Нежните и чувствителни Ракови сакаат да се грижат за живите суштества. Тие се големи љубители на животни, емпатични се и чувствителни на туѓите страдања, па без проблем може да вдомат некои животни.

Бик

Биковите се трпелии и практични – особини кои се доста посакувани за сопственици на миленичиња. Тие не ги забораваат и секогаш се трудат нивните миленици да бидат среќни, задоволни и добро воспитани.

Овен

Овние се активни и секогаш се во движење, при што нивните домашни миленици имаат секојдневна прилика за рекреација. Тие им пружат огромно внимание и на нивните миленичиња не смее ништо да им недостасува.

Јарец

Можеби Јарците не се најдружељубиви битија, но секогаш се грижливи, сериозни и одговорни. Кога ќе се одлучат да вдомат некое животно, тие ќе му пружат неизмерна љубов.

Домашните миленици се дел од голем број семејства ширум светот .

Тие се причина за радост, елан и здравје на многу луѓе. Нивната не себична љубов и енергија која ја се прима од нив е лек за многу болести. Пред да ни кажете кои се вашите причини зошто не можете да имате милениче. Еве неколку причини зошто е добро да се има домашен миленик!

Го намалуваат стресот!

Во една студија од 2002 година се покажало дека луѓето кои вршат стресна работа се чувствуваат многу помалку непријатно и вознемирено кога се со нивните миленичиња. Во некои болници за рехабилитација е дозволено да се донесе животни и тие често се препорачуваат како терапија.

alt

Не прават попаметни!

Истражувањата покажаа дека домашните миленици им помогнале на децата за да научат побрзо да читаат и подобруваат други когнитивни способности. Една студија спроведена на Универзитетот Дејвис Факултетот за ветеринарна медицина покажаа дека децата кои им читаат на нивното домашно милениче многу полесно го совладуваат материјалот. Децата објасниле дека се чувствувале опуштено додека му читале на нивното милениче и дека е полесно да се чита на домашното милениче од колку на родител или наставник.

Истражувањето сеуште трае. Се верува дека животните им помогне на децата да развиваат невербални начини на комуникација. Експертите дури одат дотаму што сметаат дека децата кои пораснале со домашните миленици имаат повисок коефициент на интелигенција.

Ги учат децата на одговорност!

Со доаѓањето на новиот член во семејството, потребно е да се организираат сите активности во врска со тоа. Деца што се грижат за домашни миленичиња учат што е одговорност и колку е важно да се грижи за другите.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close