Новости
Славица Чуктераш втор пат заразена со корона вирус – еве што се случува со пејачката!
Ги откажа сите настапи...
Откако веќе беше заразена со корона вирусот, Славица Чуктераш ги известила своите придружници дека повторно е заразена.
Имено пејачката оваа вест ја сподели на својот Инстаграм профил. Таа мораше да го откаже закажаниот настан како што вели „поради позитивен тест за корона вирусот“.
“Настапот што требаше да се одржи е откажан поради мојот позитивен тест на корона. Се надевам дека ќе се видиме наскоро бидејќи ја сакам белградската публика. Исто така, откажани се и настапите закажани за следниот период, но ќе надокнадиме за се“, напиша Славица.
Инаку Славица беше заболена од коронавирус минатата година, а како што соопшти тогаш многу тешко го поминала сето тоа.
„Точно е. Славица е позитивна на коронавирус. Ги презеде сите потребни мерки, а моментално секојдневно прима инфузија бидејќи не се чувствува добро. Секако, се надеваме дека наскоро сé ќе биде во ред и дека ќе се врати на своите обврски поподготвена од кога било досега“, информираа тогаш лица од ПР службата на познатата пејачка.
Всушност, се покажа дека вирусот го загрози нејзиното срце и е причина за постојан замор што таа го чувствува.
По посетата на лекар, Славица итно им се обратила на своите следбеници на Инстаграм, запознавајќи ги со нејзината состојба и апелирајќи до секој што се чувствува слично на неа да посети лекар.
Таа исто така ги предупреди луѓето да престанат да си играат и да протестираат, со оглед на сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме.
– Сега бев на лекар, бидејќи чувствувам постојан замор откако ја прележав короната. Ми ставија холтер кој ќе го носам 24 часа. Поради короната што ја имав во јули, сè уште можам да го почувствувам вирусот, се закачи за моето срце и срцевото ткиво е засегнато. Што значи, оној што се чувствува уморен и слаб дури и по неколку месеци од короната, треба да оди да го провери своето срце, да види што се случува и јас дефинитивно не се опоравив од короната, иако мислев дека сум ја поминала. Според препораката на лекарот, моето тело не е подготвено за вакцина, бидејќи ако повторно дојдам во контакт со вирусот, секако дека не би било добро, бидејќи моето тело и срце веќе се оштетени.
Јас носам маска, дури и не ја вадам и кога сум во автомобил, дури и кога возам сама, премногу сум исплашена, не одам никаде, а вие не си играјте и не правете протести , глупости, бидејќи очигледно сите сме болни. Физичката активност ми е забранета до нов преглед. Можам да ги извршувам тие мали работи околу куќата, но не треба да дозволам да ми се случи тој прекумерен замор, што ми се случи затоа што мислев дека ете така, тоа е од ништо- рече Славица.
Таа привлече внимание и со објава од една нејзината докторка која често на Твитер дава корисни совети на нејзините следбеници, и изнесе податоци за испитувањето на слухот по прележениот корона вирусот.
Фолкерката беше меѓу првата која ја заинтересира оваа тема, па се пожали на докторката дека е глува.
– Корона вирусот може да го оштети слухот. Клиниката во Ниш ја завршила студијата за испитување на слухот кај пациентите со ковид 19 и регистриан е пад на слухот на 4.000 и 8.000 Hz, открила докторката од Ниш, а Славица заклучила дека има проблем.
– Значи, глува сум, хаос, кратко напишала пејачката о потоа се обрати јавно до своите пријатели.
– За сите мои пријатели, да не се чудите повеќе што не ве слушам, и што постојано викам, а?, што? и не сум слушнала нагласила таа.
Милица Тодоровиќ и Славица Чуктераш заедно го поминуваа времето во изолација откако и двете дознаа дека имаат коронавирус.
Пејачките и другарки соопштија дека по 21 ден оздравеле. Милица првпат по оздравувањето проговори за медиумите и откри како се чувствува.
„Добро сум, фала на Бога и психички и физички. Помина, ама беше тешко. Овој вирус воошто не треба да се занемари, едно 20 дена ме држеше. Кога гледам луѓе како не ги почитуваат сите мерки, многу се нервирам. Морам да признам дека ни јас не верував, дури и кога го добив тестот дека сум позитивна, зошто не чувствував ниту еден симптом. Потоа ме фати температура, малаксаност, па се ме болеше, па одев од една во друга болница, и тогаш се исплашив“, рече Милица.