Бременост
СИТНО БРОИ ДО ПОРОДУВАЊЕТО: Цеца откри кога ќе се роди второто внуче- Богдана изгледа прекрасно во последните недели до бременоста
Со нетрпение го очекуваат Крстан...
Богдана Ражнатовиќ и Вељко Ражнатовиќ се горди родители на синот Жељко, а на пат е уште едно бебе.

Снаата на Цеца одбројува до породувањето, а очигледно е презадоволна од бременоста.

Целото семејство Ражнатовиќ со нетрпение го очекува раѓањето на малиот Крстан а идната мајка, судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, ужива во бременоста.

Богдана и Вељко одлучија нивниот втор син, да се вика Крстан, а потеклото на ова име потекнува од грчкиот збор stauros, што значи „крст“.

Инаку, ова име има значење и во нумерологијата, во која луѓето со името Крстан имаат потешка судбина и живот полн со пречки кои бараат голема борбеност и истрајност.

Како што откри пејачката Цеца Ражнатовиќ и бабата на идниот внук, тој ќе се роди кон средината на април.

Богдана може да се пофали дека во втората бременост блеска од убавина и тоа на само две недели пред породувањето, а доказ за тоа се фотографиите на кои има широка насмевка на лицето.

Стајлингот на Богдана Ражнатовиќ привлекува внимание каде и да се појави, а тоа е особено случај сега, кога остануваат само уште неколку недели до породувањето и кога нејзиниот труднички стомак е многу забележлив.

Ражнатовиќ позираше во лежерна маичка, со пунџа на главата и без трошка шминка, а пред породувањето делува многу безгрижно, опуштено и целосно подготвено.

Дека црномурестата убавица блеска, а блажената состојба одлично и прилега, се само дел од коментарите на последната фотографија што ја сподели, а имаше само пофални зборови и комплименти за нејзиниот стил во бременоста.

Потсетуваме дека Богдана и Вељко веќе имаат еден син Жељко Ражнатовиќ.
