Дом и семејство
СИТЕ ЈА ОБВИНУВААТ ЗА ОВА ШТО ГО ПРАВИ НА СВОИТЕ ЌЕРКИ: Мајката на најубавите близначки во светот наиде на многу критики!
Тие се најпопуларните близначки во светот
Најубавите близначки на светот, Ава Мари и Леа Роуз, повторно се во центарот на вниманието, овој пат поради потезите на нивната мајка, кои многумина ги осудуваат.
Мајката на најубавите близначки, како што ја нарекува јавноста, Жаки Климентс, беше мета на критики затоа што објави слика со своите ќерки со цел да го рекламира брендот палта што тие го носат. За многу пари. Затоа тие на Инстаграм пишуваат дека мајката ги експлоатира децата само за материјална корист и им го уништува детството одлучувајќи да бидат на медиумската сцена уште од најрана возраст.
Таа откри дека понекогаш им дозволува на децата да ги читаат коментарите и ги советува дека естетиката е најважната работа за успех на Инстаграм. И додека критиките не престануваат, таа планира да ги прави своите деца уште попопуларни на ЈуТјуб.
Жаки донесе одлука нејзините ќерки да бидат модели уште кога тие имаа само шест месеци.
Наскоро започнала да склучува договори со разни модни куќи, а нејзините деца позираат за списанијата „La Petite“, „Petite Adele облека“, „Airfish“ и други.
Таа ги коментира критиките за искористување на нејзините ќерки, велејќи дека нејзините деца сакаат да се занимаваат со оваа професија.
“Многу луѓе претпоставуваат дека родителите заработуваат само затоа што гледаат колку работат нивните деца. Лага! Знам во нашиот случај и веројатно во повеќето случаи дека родителите даваат повеќе пари отколку што заработуваат за да ги издржуваат своите деца. Но, претпоставувам ако го погледнете сето тоа од одредена перспектива, ќе сфатите дека парите што ние како родители сега ги издвојуваме за да ги издржуваме нашите деца и да ги поддржиме во нешто што обожаваат да го прават, ќе им овозможи да заработат свои пари што ќе можат да ги користат за колеџ или да си купат автомобил или куќа во иднина, сепак не е толку лошо “, изјави таа за„ Сан “.
Во претходните интервјуа, Жаки го изјави следново:
“Без разлика дали одат на шопинг, промовираат брендови или се сликаат со обожаватели, тие се забавуваат. Она што им е најважно е да имаат пријатели”.
Претходно истакна дека, без оглед на нивната популарност таа не им дозволува на нејзините ќерки близначки да отсуствуваат од училиште.
„Во случај да има ситуација да бидат ангажирани од одредена компанија, одат на приватни часови каде што тие го надополнуваат она што го пропуштиле на училиште“, рече таа, истакнувајќи:
„Кога не работат или не одат на училиште, пливаат, вежбаат, одат на часови за танцување или се дружат со деца од соседството.
Што мислите вие? Треба ли децата да бидат експлоатирани во јавноста уште од најрана возраст?
Во продолжение уште неколку фотографии од најубавите близначки во светот…