Кафе муабет
Сите и завидуваат на Анастасија Ражнатовиќ: Има само 24 години а неодамна купи луксузен стан, има брдо пари и успешна бизнис кариера
Анастасија е многу амбициозна...
Наследничката на Цеца, младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ има само 24 години, а веќе успеала да купи стан, а ваквата вест ја потврди и самата таа.
Анастасија во емисијата „Цеца шоу“ потврди дека имотот го купила на свое име и тоа го прославила со пријателите.
Иако Ражнатовиќ не кажа ништо за нејзиниот нов стан, медиумите открија дека станува збор за луксузен имот.
Младата пејачка неодамна објави и нова песна, како и спот за „Брани ме“, кој го сними во напуштена куќа во Врачар.
Иако многу време поминува во Севиља со своето момче Немања Гудељ, пејачката сепак успева да се посвети на кариерата, но и на семејството, а на својот внук Жељко секогаш му купува подароци за да го израдува.
Дека особено е посветена на кариерата но и е подготвена за свој бизнис докажа со тоа што младата пејачка отвори салон за убавина во Врачар.
Ќерката на Светлана Ражнатовиќ, покрај пејачката кариера, реши да започне и нов бизнис, бидејќи очигледно не и недостасува амбиција за постигнување на сите полиња.
“Ова е нешто што го сакам, го подготвувавме долго време. Ова е голем ден за мене и мојот бизнис. Сакав шминка, но се одлучив за козметика, се грижам за својот изглед. Мама е пресреќна, таа е секогаш тука да не поддржи“, гордо изјави Анастасија.
Сепак, многумина се запрашаа од каде младата пејачка има финансии за да го започне овој бизнис, кој вклучува линија на козметика.
Многумина претпоставуваа дека токму Српската мајка го финансирала новиот бизнис на нејзината ќерка.
Сепак, Анастасија реши се да демантира, па откри од каде парите за отворање на салонот за убавина.
– Мајка ми не ми помогна околу финансирањето. Имам партнерка со која работам и ние две заедно ќе се справиме со ова – изјавила Анастасија.