Кафе муабет
Сите зборуваат за ова издание на Илда Шаулиќ: Пејачката сподели фотографија во костим за капење и го истакна совршеното тело
Го покажа извајаното тело...
Илда Шаулиќ важи за негувана дама, секогаш одмерена, сиве овие години додека е присутна на јавната сцена зад себе нема ниту еден скандал.
Пристојниот начин на облекување и негуваниот изглед на Илда Шаулиќ е нешто што стана многу впечатливо уште на самиот почеток на нејзината кариера.
Ќерката на Шабан Шаулиќ многу водеше сметка за тоа како ќе се појави во јавноста, од друга страна беше многу селективна како ке се појави на настап а иако многумина тогаш мислеа дека не се облекува според годините, таа остана доследна на својот стил изгради имиџ на кој многу дами денес можат да позавидат.
Илда Шаулиќ е пример за сите оние кои се стремат да привлечат внимание без многу претерување.
На естрадната уметница, која редовно посетува ревии, сè е главно екстремно скапо и брендирано, што не го истакнува премногу, но не може да се негира дека придонесува за гламурот на кој инсистира.
Сакајќи да се претстави како пејачка, а не како шоумен, Илда никогаш немала потреба да провоцира и открива повеќе од потребното со својата гардероба.
Напротив, нејзината идеја беше да го врати стариот однос кон музиката, пејачите и воопшто кон настапите. Публиката никогаш не можеше да ја види ќерката на Шабан и Гоца Шаулиќ во прекратки здолништа, деколтирани маици и корсети, па сите беа изненадени кога таа се согласи неодамна да сподели детал од плажа со своите следбеници на Инстаграм.
За прв пат во јавноста се појави слика од Илда во црвен костим за капење, а многумина заклучија дека пејачката речиси и да нема недостатоци и дека тренинзите навистина вродиле со плод.