Новости

Сите го имаат ова цвеќе дома а малкумина знаат која е неговата симболка!

Носи среќа и успех во домот...

Божиќната ѕвезда е еден од главните украс во домовите за време на празниците.

фото илустрација

Таа е еден од најубавите природни украси за новогодишните и божиќните празници а нејзиното име е Поинсетија – црвената божиќна ѕвезда.

Овие прекрасни цвеќиња го одземаат здивот за време на празниците, а малкумина знаат кое е нивното значење и симболика.

фото илустрација

Поинсетијата најчесто се одгледува во црвена боја, но има и други бои, како бели, розови и зелени цветови. Без разлика на бојата, цвеќињата имаат слично значење. Во основа, овие цвеќиња го симболизираат успехот, доброто расположение, па дури и чистотата. Најчесто се подаруваат за време на празниците како симбол на успех и среќа, а се верува дека треба да им се подаруваат и на луѓето кои го слават роденден во декември, пишува Sensa.

Според симболиката, ова цвеќе носи добро расположение, радост, чистота, љубов и добри желби.

Божиќната ѕвезда се препорачува да ја чувате во близина на новогодишната елка и на тој начин да ја збогатите декорацијата, но и да ја подобрите добрата енергија и радост во вашиот дом.

фото илустрација

Освен за Нова Година и Божиќ, овој цвет е прекрасен за украсување на зимски свадби, бидејќи црвената боја секогаш навестува љубов, и е симбол на среќа и успех. Затоа младенците кои го имаат на својата свадба можат да почувствуваат позитивен брачен пат.

фото илустрација

За оние кои не знаат како да ја одгледуваат еве неколку совети:

Божиќната ѕвезда сака топлина и светлина, но не премногу. Не ја чувајте до место кое е извор на топлина, како радијатор или под клма уред, но не ги вадете ниту на тераса за да не замрзнат.

фото илустрација

Не претерувајте со наводнување. Божиќната ѕвезда се наводнува одоздола со ставање вода во заштитната чинија на саксијата. Се препорачува наводнување на секои три дена.

фото илустрација

Многумина не знаат дека откако на Божиќната ѕвезда ќе и испаднат лисјата и ќе се исушат стеблата, треба да ги скратите стеблата неколку сантиметри.

фото илустрација

Чувајте ја на места каде температурата не е поголема од 15 степени.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close