Дом и семејство

Синот на Исидора Бјелица не ја крие својата голема тага: Ме боли кога ќе видам нешто што и припаѓаше на неа, секој ден е тежок без мама!

Лав отворено зборува за болката која ја чувствува по загубата на мајка си

Животот на Исидора Бјелица, една од најпознатите писателки во регионот и жена која ќе остане запаметена како лавица која достоинствено се бореше со тешката болест, згасна во август годинава.

Писателката го напушти овој свет во станот на нејзините родители во Белград.

Родена е на 10 декември 1967 година во Сараево.

Покрај нејзините генијални книги беше позната и по шеширите кои со тек на време станаа нејзин заштитен знак.

Исидора зад себе ги остави мажот Небојша Пајкиќ и две деца – Лав Григориј и Вила Евангелина.

Во искрено интервју за Story.rs нејзиниот син Лав, вели дека секој ден се повеќе му недостасува неговата мајка. Тој реши да не ги крие своите чувства и јавно прозборе за тагата која ја чувствува по загубата.

Инаку Лав има 25 години и работи како телевизиски продуцент и пратеник .

Амбициозен и успешен, како и емотивно остварен, тој признава дека има чувство дека неговата мајка, Исидора сè уште го гледа.

Откри дека по смртта на неговата мајка повторно се вратил во семејниот дом каде живее со неговиот татко Небојша и неговата сестра. Тој истакна дека често пати мора да биде изолиран од нив поради неговата работа во парламентот каде се среќава со многу луѓе во текот на еден ден.

 

Полесно е кога сме сите заедно. Заедно се опоравуваме по загубата на мајка ми и имаме можност да ја видиме ситуацијата во која сме заедно. Важно е да не бидете разделени и осамени, најлошото е кога човекот е осамен. Може да се каже дека тоа е емотивно-стратешки потег. Често пати сум изолиран од нив превентивно.

Треба да бидеме претпазливи со Небојша, тој е во ризична група заради неговата возраст, но и затоа што е дијабетичар, прима инсулин секој ден, а покрај тоа, тој е и пушач.

Во интервјуто Лав вели дека најтешко се справува неговиот татко. Тој вели поради обврските нема многу време да размислува на загубата на мајка си, додека Небојша е пензионер и размислува само за тоа. Лав посочи дека токму поради тоа одлучил да биде заедно со своето семејство.

 

 

– На Небојша му е најтешко. Последните фази на болеста ги помина со мама и тие беа во брак многу години. Јас и Вила имаме обврски, затоа и не размислуваме постојано на загубата. Небојша е во пензија, тој е сам и постојано размислува за тоа. Затоа е добро што сме сите заедно. Вила учи, но наскоро треба да започне со работа.

И додека за Лав се знае многу затоа што е јавна личност, за неговата сестра Вила која неодамна наполни 18 години медиумите ретко пишуваат.

Таа многу ретко се појавува во јавност, а Исидора во една пригода зборуваше за својата ќерка.

 

„Тие двајцата се многу различни. Вила е заинтересирана за сликарство и дизајн. Таа е вистинска уметница бунтовничка, во основа панкерка каква што сум бев и јас кога бев на нејзини години. Сепак, задоволни сме што во ерата на турбо фолкот слуша рокенрол и што старлетите не и’ се идол. А тоа што не е лесно со тинејџерка бунтовничка, навистина не е“, изјави во една прилика познатата писателка.

 

Бјелица откри дека Вила би сакала да се занимава со јавна работа, и дека би се определила за модна писта и насловни страни.

Последната објава на Исидора Бјелица

Писателката последната своја објава на социјалните мрежи ја напиша на 9 јуни, а во прашање е молитва.

-„Господине Исус Христос, Сине Божји, помилувај ме мене грешна“, пишува во објавата. Тогаш сите се прашуваа што се случува со познатата писателка.

 

Исидора последните два месеци од животот ги помина кај родителите Невенка и Димитрија во Нов Белград. Во тој стан се пресели по прогонот и бегството од Сараево.

 

Фото: Инстаграм/ Исидора Бјелица

Секојдневно седеше на клупата пред зградата во која живееше, а комшиите ја поздравувале, но не ја прашувале за здравствената состојба, пишува Курир.рс.

 

 

Непосредно пред нејзината смрт, таа јавно проговори за нејзината состојба и кажа дека е многу критична. Бјелица тогаш посочи дека сака да умре достоинствено.

 

 

„Знам дека Балканот е примитивна средина, каде се очекува, кога некој има ваква дијагноза, да се повлече и да молчи. Јас морам да се повлечам и да умрам достоинствено, никој да не ме види. Тоа е Балкан“, вели познатата писателка.

 

Исидора Бјелица долги години се бореше со рак на јајниците

 

Таа раскажуваше дека испробала преку 150 алтернативни методи на лечење, како и за тоа дека грешела и дека чудесната вест од 70 метастази дека нема повеќе ниту една што е активна, ја добила благодарение на комбинација од хемиотерапија, биолошка и имунотерапија.

 

 

„Поголемиот дел од мојот живот е грешка, па природно е да згрешам и околу терапијата“ коментираше тогаш Исидора за интернет магазинот „Блиц Жена“.

Таа збореше отворено за тешката борба за живот, за борбата со ракот кој не и’ даваше да здивне.

 

„Имам канцер кој се шири како пожар. Денес можам да бидам во ремисија, а за два месеци на смр тна постеа. Во борбата со ракот нема правила. Затоа го барав лекот во 12 земји“ – истакна Исидора, во една прилика додавајќи дека бидејќи нема официјален лек сама се обидувала да го пронајде.

-„Четири пати бев на границата помеѓу животот и cмpтта и четири пати се враќав. Видов колку човекот е глуп и малечок“.

Писателката ја бараше силата во семејството, читателите, а на крајот сфатила само едно – човекот е сам со тој ужас во себе и не може никаде да се сокрие.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close