Кафе муабет
Се шушка дека Меган Маркл е бремена: Се појави во необична комбинација и сите гледаа во овој детаљ!
Се погласни шпекулациите за трето дете...
Меган Маркл и принцот Хари неодамна се појавија во познат ресторан во Санта Барбара а нивното појавување се случи во услови на се поинтензивни гласини дека војвотката од Сасекс е повторно бремена.
Новите фотографии покажаа дека Меган и Хари навистина уживаат заедно. Меган и Хари вечераа во суши бар во близина на нивниот дом во Монтесито, Калифорнија. Принцот беше расположен, како и војвотката која носеше прекрасен пролетен фустан, во комбинација со рамни влечки и шик елегантна чанта.
По овие фотографии на големо започнаа шпекулации за бременоста на Меган. Гласините започнаа со нејзините слики од планинарење – многумина забележаа необичен „детаљ“ на нејзината половина и додека некои велат дека тоа е појас за слабеење, други велат дека тоа е појас што се носи по операцијата на хернија додека пак, некои мислат дека сликите најавуваат бременост.
По овие фотографии фановите почнаа да коментираат дека всушност бременоста на Меган била главна причина поради која таа го пропушти неодамнешното крунисување на Чарлс Трети и кралицата Камила, иако е познато дека патувала со авион за време на првата бременост, во поодмината фаза од бременоста.
Славниот пар се уште не ги коментирал гласините за бременоста.
Да потсетиме, Меган Маркл и принцот Хари се венчаа во 2018 година во Виндзор, имаат ќерка Лилибет Дијана и син Арчи Харисон.