Кафе муабет
Се шушкаше дека се разведуваат поради Жељко и Јована: Оваа фотографија од братот на Јоксимовиќ открива се- еве какви односи има со братот и снаата!
Демантираше дека се разведува...
Саша Јоксимовиќ почитувал само еден стар обичај кога се оженил со сопругата Невена.
Многумина се по малку збунети околу моменталниот статус на бракот на актерот Саша Јоксимовиќ (40), со оглед на тоа што во јавноста деновиве неколку пати беше објавено дека тој се разведува од сопругата Невена по тринаесет години брак.
Но, тој тогаш жестоко демантираше и изјави дека нема ништо од разводот, а медиумите погрешно ја протолкувале неговата објава дека „конечно е слободен“ по наводно тоа се однесувало на неколкудневното снимање.
Сега кога дилемата е разрешена, во медиумите се појави и фотографија од венчавката на Саша и Невена кои сепак се пар кој се уште им пркоси на сите предизвици. Забележливо е дека тогаш беа помлади, што е и логично, но љубовта и ентузијазмот како да останаа присутни и денес и покрај медиумските наводи.
Саша во една прилика се присети на почетокот на оваа голема љубов, па го опишал нивниот прв бакнеж.
– Беше 11 јануари 2001 година, вечерта прошетавме низ Ваљево и завршивме на пазарот. Таа ја скрши штиклата, седна и јас и ја поправив и тогаш го добив првиот бакнеж.Оттука почна се. Се забавувавме долго време, седум години пред брак, а потоа се венчавме во 2008 година – се присети Саша и откри дека тие сепак имале една криза.
– Имавме пауза која траеше тринаесет месеци, имав девојка, а таа имаше две-три момчиња, но кризата помина – изјави Саша и се присети на самата венчавка.
– Немаше класични обичаи и не ги повикав сите роднини, туку повеќето беа млади луѓе, наши пријатели. Сепак, ние почитувавме еден обичај, а тоа е купување невеста. За тоа беше задолжен мојот брат Жељко, имаше и трубачи и сето тоа беше емотивно за мене, па почнав да плачам, а потоа сите други ме следеа – се присети Саша.
За потсетување Саша игра во серијата „Игра на судбината“, а на својот профил неодамна објави фотографија со непозната девојка, а подолу напиша „Конечно слободен“, што ја скокотна фантазијата на фановите и предизвика сомнеж дека тој се разведува.
Бидејќи братот на Жељко Јоксимовиќ често е отсутен од дома, поради неговиот ангажман можно е тоа да биде една од причините, бидејќи далечината може да доведе до заладување во врската. Втората претпоставка се заснова на претходните изјави на Невена во врска со семејството на Саша.
Имено, продуцентката еднаш во една емисија изјавила дека нема помош од родителите на актерот, додека нејзината мајка и татко се секогаш тука за да и помогнат околу сите обврски.
– Родителите на Саша мислат дека кога ни треба помош за куќата и детето, ми помагаат мене- изјави тогаш Невена, која во една прилика откри дека не е во добри односи со братот на нејзиниот сопруг, ниту со неговата сопруга Јована Јоксимовиќ.
Сето наведено може да биде причина за кавга, па дури и пропаѓањето на бракот.