Кафе муабет
Се сеќавате на убавата бунтовничка Миа Колучи?: Денес е мајка на четири деца, мажена е за еден од најпознатите пејачи- Погледнете како изгледа (ФОТО)
Ужива во улогата на мајка и сопруга...
Се сеќавате ли на Rebelde Way, тинејџерската серија, снимена во Аргентина која направи бум во Македонија и регионот.
Серијата ја режираше Крис Морена, позната аргентинска актерка и продуцент, а сценариото го напиша Патриша Малдоналдо. Оваа серија кај нас беше попозната под името „Млади Бунтовници“.
Во центарот на настаните се Марица (Камила Бордонаба) и Миа (Луисана Лопилато), која беше најпопуларна девојка во училиштето. Дејството на серијата се одвива во школата Elite Way во Буенос Аирес.
На училиште младите се образуваат, стекнуваат искуство и остваруваат познанства кои ќе им обезбедат подобра иднина, но и ги стекнуваат првите искуства во љубовта.
Може да се каже дека немаше тинејџерка која не сакаше да биде како Миа Колучи која важеше за богата ученичка по која лудуваа сите момчиња во училиштето.
Луисана Лопилато денеска е во среќен брак и се уште се занимава со глума, пеење, а воедно е и успешен модел. Таа е среќно мажена за Мајк Бубле и има 4 деца.
И покрај тоа што роди три деца таа изгледа како тинејџерка. Виткото тело, блескавата насмевка се она што ја прават миленичка на многу генерации.
Во продолжение погледнете како изгледа денес…