Кафе муабет

Се разделија Хана и Петар Грашо? Фановите во шок- бремената сопруга на пејачот замина и се огласи на Инстаграм

Хана ужива во Венеција...

Фотографијата на Хана Хуљиќ, односно збир на фотографии, кои неодамна ги објави сопругата на Петар Грашо на социјалните мрежи, заинтригира многумина.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Хана која веќе е во поодмината бременост ја напуштила Хрватска и моментално е во Венеција, а сите се прашуваат дали друштво и прави сопругот. Многумина веруваат дека ова патување им е меден месец, но тоа не може да се каже со сигурност, бидејќи од Петар Грашо нема ни трага ни глас, барем не на социјалните мрежи.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Хана споменатите фотографии ги објави на „Инстаграм“, а судејќи по тоа што таа и нејзиниот сопруг ретко се експонираат заедно и приватноста ја чуваат исклучиво за себе, не е исклучена можноста сопругот да е тој кој ги направил овие прекрасни фотографии со кои Хана ги поздрави своите придружници.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ
Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Покрај тоа, сите коментираат дека Хана е една од најубавите трудници, а стомакот веќе наѕира, па вистинско чудо е што заминала од својата земја, бидејќи многумина сметаат дека треба да одмори.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Шпекулации дека нешто не е во ред со парот се проширија и за големиот празник Велигден кога Хана замина од семејниот дом за да го прослави заедно со својата кума Доменика.

фото инстаграм/Доменика Жувела

Доменика се пофали со фотографиите од дружењето со Хана која на фотографијата вешто го сокри трудничкиот стомак.

фото инстаграм/Доменика Жувела
фото инстаграм/Доменика Жувела

-Природа и (најдобро) друштво, напиша пејачката во описот на објавата.

фото инстаграм/Доменика Жувела

Убавата русокоса беше кума на ќерката на Хуљиќ на неодамнешната венчавка со Петар Грашо. Девојките се пријателки долги години и се дружат и приватно и професионално.

фото инстаграм/Доменика Жувела

Хана на почетокот на летото треба да го роди своето прво дете.

фото инстаграм/Доменика Жувела

Неодамна Грашо за прв пат призна со какви стравови се справува поради улогата на татко во која треба да се оствари на средина на јули.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

На прес-конференцијата организирана по повод промоцијата на концертот во белградската арена, која ќе се одржи на 11 ноември, Петар Грашо призна се што му се вртело во глава последните месеци.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Имено, тој најмногу зборуваше за настапот, плановите за продукција, гостите, а на крајот не можеше а да не го открие моментално најинтересното за јавноста, а тоа е неговиот брак со Хана Хуљиќ и исчекувањето на раѓањето на неговиот прво дете. Едно од прашањата упатени до Петар беше како се подготвува за новите обврски и родителство, на што тој со насмевка одговори дека во неговото срце има возбуда, но и малку страв.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

-Не би требало да имам страв од тоа, туку слатко очекување, бидејќи доаѓа нешто што е ново, мало суштество, твој печат до крајот на животот најубавиот на душа.


-Се уште не знаеме име за бебето, навистина не сме избрале, рече Грашо.
Претходно во интервју за Репортер.мк Грашо истакна дека малку му пречело честото медиумско присуство но дека воглавно се пишувале убави работи за нив.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

-Важно е дека бракот е работа која ја правиш со човекот кој ти значи, и со личност со која сакаш да останеш до крајот на животот.Јас сум среќен што имамтаква личност до себе, среќен сум што за многу животни точки делиме исто мислење, добро се чувствуваме заедно и сакаме да го живееме нашиот живот скриен од очите на јавноста колку што е тоа можно.

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close