Новости

Се присети на детството па се расплака во емисија: Бремената актерка си ја отвори душата!

Актерката Нина Јанковиќ Дичиќ е бремена со второ дете

Иако важи за една од јавните личности која многу не сака да зборува за својот приватен живот, сепак актерката Нина Јанковиќ Дичиќ сега реши да си ја отвори душата и прозборе за својата втора бременост.

Фото Инстаграм

Актерката оваа недела гостуваше во емисијата „Сценирање“ што се емитува на српската телевизијата Курир.

Нина која е мајка на едно момче, Вукашин сега очекува девојче, па за прв пат јавно прозборе за бременоста, за подготовките за доаѓањето на нејзината ќерка и призна дека нејзиниот син Вукашин го доела неколку пати на сред снимање со оглед на тоа што се вратила на работа набргу по бременоста.

FOTO: KURIR TV

– Почнав да ја средувам просторијата, и се надевам дека ќе завршам сè. Јас сè уште не купувам ништо, имам еден куп играчки од Вукашин, некои се неутрални и неискористени. Секако дека ќе и купам играчки и сè што е потребно, но сепак е рано. Имав мачнини, беше страшно на почетокот – рече таа.

Нина вели дека била изненадена до реакцијата на Вукашин со оглед на тоа дека повеќето момчиња посакуваат да добијат братче, сепак тој бил пресреќен од веста дека ќе добие сестричка.

 

– Не знам колку е свесен, но тој рече дека сака сестра, што е малку и чудно за едно момче, бидејќи тие најмногу сакаат братче. Неговата желба се оствари. На сите кажува дека мама има бебе во утробата – со насмевка вели Нина, а потоа откри дека името за нејзината наследничка ќе го открие нејзиниот сопруг.

 

 

– Има предлози, но тоа тој кога ќе сака нека каже.  Го пуштив да одбере име, затоа што јас го избрав името за Вукашин.

Актерката откри и дека во некои околности морала својот син да го дои на снимање, но сепак истакна дека не се одвојувала често од своето синче.

 

– Некој може да каже види ја оваа будала, а некој пак ќе каже дека тоа е дел од секојдневието. За среќа, имав само две снимања кои траеја цел ден, така што двапати ми го донесоа Вукашин на сет, и од тогаш оставав млеко. Јас и не го оставав често. Можеби и малку претерав во тоа. Се одделувавме само неколку пати на една или две вечери – вели актерката.

Нина призна дека била многу немирно и бунтовно дете,  па во една прилика и висела на шипка од ограда.

– Имам и лузна од тој настан. Сите мислат дека е изгореница, но не е така. Имав 12  конци, едноставно не бев мирна. Но подобро е што бев бунтовник како дете отколку лудилото да ме фатеше на 20 години – истакна Нина со насмевка.

 

Foto Kurir.rs

За свадбата на Нина и Матеја се зборуваше со денови

Иако актерката Нина Јанковиќ и нејзиниот споруг Матеја Дичиќ се обидуваа да ја сoкријат својата свадбена церемонија од очите на јавноста, сепак не успеаа во тоа.

Тие судбоносното “Да” го кажаа во 2014 година, а за Нина многу се пишуваше во медиумите токму поради нејзиниот необичен невестински стајлинг.

 

 

Имено актерката на својата венчавка се појави со патики, и тоа е она што изненади многумина.

 

Нина ужива во бременоста и украсувањето

 

Пред неколку дена актерката со своите фанови сподели фотографија од домашна атмосфера и покажа како го украсила домот.

Големата елка е прекрасен украс во дневната соба.

 

Фановите беа воодушевени од украсената елка и украсот, а таа ја опиша својата новогодишна идила со зборовите од песната на Мараја Кери All I want for Christmas is you.

 

Оваа синоока актерка коja е многу активна на социјалните мрежи важи за една од најубавите во регионот.

Во продолжение уште неколку нејзини фотографии со нејзиното семејство…

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close