Кафе муабет
Се појави во ЖОЛТ ФУСТАН СО ШЛИЦ И ГИ ЗАСЕНИ СИТЕ – Лила се појави, блесна и го украде шоуто
Жолт фустан за изборот на инфлуенсер на годината...
Каде и да се појави шармантната водителка Лила Филиповска ги мами воздишките на присутните и ги фрла во сенка сите присутни.
Отмена, елегантна, посебна и секогаш впечатлива.
Важи за една од најубавите жени кај нас. Таа заслужено е прогласена за една од омилените телевизиски лица, но таа воедно е и една од најпознатите Македонки на социјалната мрежа Инстаграм каде има преку 200.000 фанови.
Постојано достапна за јавноста, активна на социјалните мрежи и во македонскиот етер!
Неодамна го прослави својот роденден и се погрижи за секој детаљ на прославата која беше организирана во еден познат скопски локал.
За се да биде комплетно допринесе самата таа. Лила облече бел необичен фустан со потпис на позната македонска дизајнерка и блесна меѓу присутните.
Лила по повод нејзиниот роденден напиша и емотивна порака во која вели дека оваа година особено и била тешка и поради која научила дека секој ден е борба.
-Вечерва облеков фустан во бела боја…вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден , да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив ! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден…овој ден е мојот роденден напиша тогаш водителката.
Неодамна, во еден познат скопски ресторан се одржа изборот за Инфлуенсери на годината за 2022.
Фото:Фејсбук/Лила Филиповска
Настан организиран од Убавина и здравје на кој присуствуваа многу јавни личности и инфлуенсери.
Настанот немаше да биде комплетен доколку не се појавеше и Лила Филиповска.
Во свилен жолт фустан со шлиц водителката ги засени сите присутни.
Фото:Фејсбук/Лила Филиповска
А помеѓу наградите таа ја освои и титулата еден од најдобрите и најзаслужни инфлуенсери во Македонија.
На својот Фејсбук профил Лила сподели фотографии од настанот а под нив напиша:
Фото:Фејсбук/Лила Филиповска
,,Потребни се дваесет години за успех преку ноќ’’.
Фото:Инстаграм/Лила Филиповска
Водителката се заблагодари на Убавина и здравје и на останатите спонзори за тоа што и оваа година се сетиле на неа и кажа дека во животот има се’, и фалела само уште оваа награда.