Кафе муабет
Се породи пред само неколку месеци а изгледа совршено: Убавата водителка од Канал 5 облече кусо здолниште и ги собра сите погледи
Милена го покажа совршеното тело...
Гледачите на утринската програма на Канал 5- „Здраво Македонијо” секое утро имаат чест да ја гледаат Милена Антовска- Станковска, која важи за една од најубавите и најдобро стилизираните водителки кај нас.
Секогаш насмеана,Милена зрачи со убавина а тоа го велат и нејзините фанови кои секојдневно ја опсипуваат со комплименти.
Имено Милена, по девет месеци пауза од породувањето со својата втора ќерка Јоана, повторно се врати на своето работно место, каде како што и самата вели се чувствува најубаво.
Милена ужива во работата а пред извесно време напиша и статус со кој покажа колку и недостасувале колегите но и нејзината матична телевизија каде што работи долги години.
,,Како да не поминала една година. Имав навистина убаво утро и топло добредојде од моите гледачи. Додека не влегов во студио всушност не бев ни свесна дека ова ми недостасувало’’, напиша Милена.
Милена, оваа година по вторпат стана мајка и со својот сопруг Гордан ја добија втората ќерка Јоана, додека првата ќеркичка Лана-Марија во август наполни пет годинки.
Дека Милена нема проблем со килограмите и дека успеа да го доведе телото до совршенство и изгледа како воопшто да не родила покажуваат и фотографиите кои секојдневно ги споделува на социјалните мрежи.
Милена пред камерите секогаш изгледа елегантно и средено, но и во приватниот живот, а многумина се согласни дека откако се породи по втор пат изгледа поубаво од кога било досега.
Имено денеска убавата водителка реши да облече црно здолниште кое ги истакна нејзините долги витки нозе, кое го комбинираше со модерна кошула со благо деколте во магента боја, црни салонки, а широката насмевка беше деталот кој го направи комплетен овој совршен есенски стајлинг на водителката.
Секако Милена за ова нејзино издание доби бројни комплименти од своите обожаватели, а мора да признаеме дека изгледа совршено и покрај тоа што се породи пред само десет месеци.
Водителката неодамна ја покажа и својата ќеркичка Јоана на социјалните мрежи, па и таа како и нејзината позната мама доби низа комплименти дека е преслатка но дека е копија на тато Гордан.