Главна вест во медиумите е дека поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ стапна на лудиот камен.
Андреј Кулунџиќ, професионален тркачки возач, на пошироката јавност попознат како бившиот дечко на Цеца Ражнатовиќ, го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Маја и тоа на егзотична дестинација, Сејшелите, далеку од љубопитните очи јавноста.
– Официјално тој потврди дека се ожени со својата избраничка на „Инстаграм“ споделувајќи серија фотографии на кои е среќен, ведар и бос стои пред матичар.
Романтичната венчавка се одржа во прекрасна морска средина. Маја блескаше во светло беж фустан, со дискретна шминка и лелеава фризура украсена со бели цветови, додека младоженецот носеше бела кошула и панталони соодветни на пригодата и местото.
За потсетување, Андреј Кулунџиќ пред многу години беше поврзуван со балканската дива со која се запозна за време на снимањето на неговата емисија, а иако наводната врска никогаш не беше официјално потврдена, сепак го следи епитетот, поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ.
Кулунџиќ до неодамна беше во брак со сопругата Марина од која дискретно и тајно се разведе, па сега реши да и даде втора шанса на љубовта.
Една од приказните што пејачката никогаш не ја потврди е токму наводната врска која одамна, во 2007 година, ја изградиле со Андреј Кулунџиќ.
Но, Цеца и Андреј Кулунџиќ никогаш не ги потврдија наводите дека меѓу нив имало романса, но изгледа дека тоа не било ниту потребно. Во тој период сликите зборуваа погласно од сите зборови, а поранешната двојка во една прилика беше фотографирана на аеродромот во Љубљана непосредно пред концертот на Цеца во Целје.
Веднаш потоа почнаа да кружат гласини за нивната романса.
Цеца и Андреј Кулунџиќ не сакаа дополнително да ги подгреваат ваквите приказни. Пејачката тогаш за медиумите изјави дека не гледа ништо чудно во тоа што таа и Андреј биле на ист лет за Словенија. Но, таа тогаш не ја кажа целата вистина бидејќи беше забележано дека споменатиот рели возач е повеќе од редовен гостин во вилата на Цеца на Дедиње.
Како што тогаш коментираа упатените, Цеца и Андреј Кулунџиќ имале љубов на прв поглед, бидејќи пејачката го забележала за време на гостувањето во емисијата за автомобилизмот што тогаш ја водеше Андреј. Врската, сепак, траеше само седум месеци бидејќи во март 2008 година беше објавено дека парот се разделил, но и натаму останале пријатели. Потоа кружеа гласини за тоа како Андреј подоцна се вратил кај својата поранешна сопруга.